Полицајци спасија жител на Македонска Каменица кој останал заглавен на тераса во пожар во неговата куќа
Полициски службеници спасија жител на Македонска Каменица, кој беше заглавен на тераса откако настана пожар во неговата куќа, соопшти МВР. Вчера попладне во 13:23 часот во СВР Штип е пријавено дека на ул.„14 Јуни“ во Македонска Каменица настанал пожар во куќа, сопственост на Љ.Ѓ.(80). Полициски службеници од СВР Штип – Полициско одделение Македонска Каменица излегле на местото и го затекнале …
Continue Reading
СДСМ: Кратењето 40 милиони евра субвенции за земјоделците Трипуновски го претставува како „реформа“
Владата на Мицкоски ги намали субвенциите на земјоделците за огромни 40 милиони евра. Денеска Трипуновски сака ова кратење на субвенциите за 2026 година да го престави како некаква мала реформа, велат од СДСМ. „Во 2024 година за субвенции се исплатија 140 милиони евра, сега во буџетот се предвидени само 100 милиони евра. Кај тутунот, субвенцијата за прва класа е намалена од 100 …
Continue Reading
Менаџер на продавница во Скопје украл 2,7 милиони денари, парите од дневниот промет си ги ставал во џеб
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице вработено во продавница во трговски центар во Скопје. Тој е осомничен дека украл 2,7 милиони денари, а според последните информации од истрагата, тој сè уште ги крие парите. Осомничениот 35-годишник ја злоупотребил својата службена положба – менаџер на продавница во трговски центар во Чаир, како и дадената доверба и пристапот до …
Continue Reading
Хоџа: Продолжува партнерството со Светска банка за системска борба против аерозагадувањето
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, оствари работна средба со претставници на Светската банка, предводени од Карол Мегеванд, на која беше разговарано за досегашната соработка и можностите за нејзино понатамошно продлабочување во областа на управувањето со квалитетот на воздухот. Од Министерството информираат дека на средбата било констатирано дека во моментов се имплементираат повеќе значајни проекти насочени кон …
Continue Reading
Чуповска-Ристова – Павлин: успешната македонско-словенечка одбранбена соработка ја зацврстува безбедноста на целиот регион
Државната секретарка во Министерството за одбрана, Елизабета Чуповска – Ристова се сретна со државниот секретар во словенечкото Министерство за одбрана, Боштјан Павлин кој престојува во посета на земјава. Чуповска – Ристова со државниот секретар Павлин разговараше за зацврстување на сојузничката македонско-словенечка соработка во клучните области на одбраната како исполнувањето на НАТО – Целите на способности, развојот на воената индустрија и …
Continue Reading
За една недела 4.490 сообраќајни прекршоци преку системот „Безбеден град“
Во периодот од 09 до 15 февруари од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и Коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 4.490 прекршоци, што претставува намалување за 10% во споредба со првата седмица во месец февруари кога беа регистрирани 4.991 прекршок, соопшти МВР. Од вкупниот број на регистрирани прекршоци најголемиот број се за управување на …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ: СДС направи низа катастрофални грешки во образованието, го решаваме и овој проблем
Наместо кон прогрес, СДС е партија ориентирана кон пропаст. Меѓу низата направени катастрофални штети на државата, со Законот за високо образование кој го донесоа во 2018 година предизвикаа драстично намалување на квалитетот на високото образование во Македонија и го избришаа единствениот македонски универзитет од пошироката Шангајска ранг листа, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по обвинувњата од лидерот на СДСМ, Венко Филипче. „Промени …
Continue Reading
Најкритични во Форино се куќите изградени на помалку од еден метар од коритото на Вардар, извести Црвениот крст
Волонтерските тимови на Црвениот крст се на терен во село Форино, каде по извршената проценка е утврдено дека најкритична точка е делот од селото што гравитира кон реката Вардар, соопшти Црвениот крст . „Според проценката, куќите во овој дел се изградени на помалку од еден метар од коритото на реката, чиј водостој е на критично ниво и на одредени места …
Continue Reading
Зеленски им нареди на воздухопловните сили: Подгответе се за голем напад
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, им нареди на раководството на украинските воздухопловни сили, Министерството за одбрана и државниот оператор на преносниот електроенергетски систем „Укренерго“ да подготват дополнителни заштитни мерки по разузнавачките информации за можен нов голем руски напад. Зеленски изјави дека им наредил на командантот на воздухопловните сили Анатолиј Кривоножко, министерот за одбрана Михајло Федоров и извршниот директор на Укренерго Виталиј …
Continue Reading