Генералниот секретар на Интерпол пристигна во Охрид
Генералниот секретар на Интерпол, Валдеси Уркиза, денеска пристигна во Охрид од каде ја започна официјалната посета на Република Северна Македонија. На аеродромот „Св. Апостол Павле“ генералниот секретар Уркиза беше пречекан од директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, каде двајцата одржаа и билатерална средба. „На средбата се разговараше за активности насочени кон јакнење на оперативната соработка, размената на информации …
Continue Reading
Трамп: Ќе ѝ дадеме на Украина лиценца за производство на ракети „Патриот“
Американскиот претседател, Доналд Трамп, наговести дека САД може да ѝ дадат на Украина дозвола за производство на ракети „Патриот“. Американскиот претседател рече дека „птица му шепнала“ дека се планира таков потег, а предлогот го даде во контекст на дискусија за доцнења во испораката на американските ракети, објави „Скај њуз“. Во разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски, Трамп рече: „Една од …
Continue Reading
Во американските напади врз Иран загинаа осум војници, Техеран се заканува со одмазда
Осум ирански војници беа убиени во најновите американски напади врз Иран, објавија иранските државни медиуми попладнево, објави „Скај њуз“. Канцеларијата за односи со јавноста на иранската војска соопшти дека персоналот на воздухопловните сили и морнарицата е убиен во Бандар Абас и Бушер. Властите ги објавија и имињата на војниците. Заедно со имињата на загинатите, војската издаде соопштение во кое се …
Continue Reading
Сиљановска-Давкова: Kрајно време е по 13 години да се откочи процесот на прием на нови членки во ЕУ
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на 36. Самит на НАТО, којшто се одржува во Анкара. Таа истакна дека шефовите на држави и влади на Самитот испратиле силна порака за единство, солидарност и заедничка одговорност на сојузниците во справување со глобалните безбедносни предизвици. Според неа, земјите-членки покажале јасна подготвеност да го преземат својот дел од товарот во обезбедувањето на заедничката …
Continue Reading
Јаневска: „Стив Наумов“ и „Кузман Шапкарев“ ќе бидат првите два целосно реновирани студентски домови
Образовната инфраструктура во Македонија се модернизира забрзано и со голема поддршка од Европската Унија и Германската развојна банка – KFW. Заедно креиравме финансиска рамка од 86 милиони евра со кои ќе реализираме 16 капитални инвестиции – ќе се реконструираат 9 државни студентски домови и 7 ресурсни центри за деца и младинци со посебни образовни потреби. Ова денес го истакна министерката …
Continue Reading
(Видео) Марко Logout со нов сингл „Прв Потег“
По период посветен на создавање нова музика, македонскиот поп изведувач Марко Logout го претставува својот најнов сингл „Прв Потег“. Станува збор за современа поп песна со модерен звук, впечатлива продукција и приказна за моментот кога еден поглед, една одлука или еден чекор може да промени сè. „Прв Потег“ зборува за неизвесноста и храброста да се направи првиот потег кога срцето …
Continue Reading
Осум членки на ЕУ се противат на продолжувањето на преговорите со Србија
Патот на Србија кон членство во Европската Унија наиде на нова пречка, бидејќи на состанокот на амбасадорите во Брисел денеска не беше постигнат договор за понатамошните чекори во процесот на пристапување. Осум од 27-те земји-членки се спротивставија на отворањето на ново поглавје од преговорите со Србија, што го потврдија три дипломатски извори од ЕУ, пишува „Еуроњуз“. На отворањето на Кластер …
Continue Reading
Уапсен жител на Пробиштип, со закани изнудил пари од 18-годишна девојка
Полицијата уапси жител на Пробиштип кој со закани изнудил пари од 18-годишна девојка. Според информациите на МВР, вчера во 22:25 часот во Пробиштип, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишија од слобода Ј.Ј.(40) од Пробиштип, постапувајќи по претходна пријава дека со закани во два наврати од 18-годишна девојка од Пробиштип изнудил да му даде пари. За настанот е известен јавен …
Continue Reading
Левица: Владата нема интерес да воведе механизми за контрола на трошењето на јавните ресурси
На амандманската расправа по Предлог-ребалансот на Буџетот, парламентарното мнозинство предводено од ДПМНЕ ги одби и амандманите на Левица со кои се предлагаа мерки за поголема контрола врз користењето на службените возила, подобрување на условите во полициските објекти, отворање Конзулат во Корча и отпочнување на реализацијата на стратешкиот проект „Хидроелектрана Чебрен“, соопштија од партијата Левица. Пратеникот на Левица, Реџеп Исмаил – …
Continue Reading