Во американските напади врз Иран загинаа осум војници, Техеран се заканува со одмазда


sad-irandepositphotos_197441408_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Осум ирански војници беа убиени во најновите американски напади врз Иран, објавија иранските државни медиуми попладнево, објави „Скај њуз“.


Канцеларијата за односи со јавноста на иранската војска соопшти дека персоналот на воздухопловните сили и морнарицата е убиен во Бандар Абас и Бушер. Властите ги објавија и имињата на војниците.

Заедно со имињата на загинатите, војската издаде соопштение во кое се вели: „Војската на Исламската Република Иран, нагласувајќи ја својата решеност цврсто да им се спротивстави на своите непријатели до последен здив, објави дека ќе ги одмазди непријателите на оваа земја за крвта на мачениците на исламската татковина“.

Висок советник на Врховниот лидер на Иран, Али Акбар Велајати, ги обвини САД за обновените непријателства во регионот на Заливот. Во објава на социјалната мрежа X, тој рече дека „усното признание“ на Трамп за откажување на Меморандумот за разбирање меѓу САД и Иран уште еднаш „го фрли регионот во оган“.

„Претходно предупредивме дека регионот не е место за политичко коцкање од страна на малите земји и постојано докажувавме дека секој авантуризам ќе биде пресретнат со моментален одговор“, напиша тој.

Велајати, исто така, рече дека Иран „го држи прстот на чкрапалото“ и дека нема да остане „молчалив пред понижувањето и авантуризмот“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK