(Видео) Марко Logout со нов сингл „Прв Потег“


a001_01220443_c001.00_01_23_40.still002.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

По период посветен на создавање нова музика, македонскиот поп изведувач Марко Logout го претставува својот најнов сингл „Прв Потег“.


Станува збор за современа поп песна со модерен звук, впечатлива продукција и приказна за моментот кога еден поглед, една одлука или еден чекор може да промени сè.

„Прв Потег“ зборува за неизвесноста и храброста да се направи првиот потег кога срцето го води патот.

Музиката и текстот за песната ги потпишува Марко Логаут, додека аранжманот и продукцијата е реализирана во име на Марио Кузманоски, со цел да се добие современ и препознатлив поп звук.

Песната е придружена со официјален музички спот, снимен во Скопје, во режија на Татјана Милановиќ и камера од страна на Петар Јовановиќ.

Видеото преку модерна визуелна естетика и внимателно осмислени кадри ја доловува атмосферата и емоцијата што ја носи „Прв Потег“. Со ова издание, Марко Logout продолжува да го гради својот музички израз, комбинирајќи современа поп продукција со мелодија што лесно останува во сеќавање и рефрен кој ја освојува публиката уште при првото слушање.

Синглот „Прв Потег“ е достапен на сите дигитални музички платформи, додека официјалниот музички спот може да се погледне на YouTube каналот на Марко Logout.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK