(Видео) Трамп: Не ми е гајле дали некој е лош, сè додека е добар кон мене

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави за време на велигденскиот ручек во Белата куќа дека не му е грижа какви се луѓето, сè додека се добри кон него. Трамп ја даде изјавата за време на поширокиот, неповрзан дел од своето обраќање во кој зборуваше за војната со Иран и тврдеше дека Соединетите Држави постигнале промена на режимот, иако Иран сè уште …

Continue Reading

Франција планира да ги зголеми своите залихи на ракети и беспилотни летала до 400 проценти до 2030 година

Француската влада планира значително зголемување на залихите на ракети и беспилотни летала според новиот закон за воено планирање, со цел да се зголемат одредени видови муниција и беспилотни летала за до 400 проценти до 2030 година, пренесува „Политико“. Француската влада треба да го претстави ажурираниот план на 8 април, а во центарот на новиот циклус на вооружување е проценката дека …

Continue Reading

Возел пијан и без возачка, па предизвикал сообраќајка: уапсен 37-годишник од Берово

Вчера во 17:48 часот во ОВР Берово е пријавено дека на регионалниот пат Берово- село Дабиље, на место викано „Ширината“, во атар на Берово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со беровски регистарски ознаки, управувано од 37-годишниот Ѓ.А. од Берово и патничко возило „шкода“ со беровски регистарски ознаки, управувано од 40-годишниот А.Г. од Берово. Во несреќата со тешки …

Continue Reading

Уапсена жена од село Скудриње, барана со потерница за затворска казна од пет години и шест месеци

Вчера во 09:00 часот, во село Скудриње, општина Маврово и Ростуше, полициски службеници од ПО Ростуше ја лишија од слобода, 45-годишната А.А. од село Скудриње, врз основа на потерница по судска наредба за издржување казна затвор во траење од пет години и шест месеци, за сторено кривично дело по член 190 и член 45 од Кривичниот законик. Таа е спроведена …

Continue Reading

Капело: Гатузо не треба веднаш да си замине, загубивме поради индивидуална грешка

Откако Италија не успеа да се квалификува на Светското првенство трет пат по ред, се очекува селекторот на репрезентацијата, Џенаро Гатузо, да се повлече од клупата на националниот тим. Легендарниот Фабио Капело го повика да почека до следните два натпревари пред да донесе конечна одлука, нагласувајќи дека неуспехот е резултат на индивидуална грешка. Откако претседателот на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) …

Continue Reading

Дмитриев: Русофобичната идеологија е виновна за енергетскиот шок

Специјалниот претставник на претседателот на Руската Федерација за инвестиции и економска соработка со странски земји и директор на Рускиот фонд за директни инвестиции Кирил Дмитриев денес изјави дека Европската Унија не успеала да ги диверзифицира своите енергетски текови поради „русофобична идеологија“. „ЕУ, со 15 години задоцнување, сега предупредува дека не е подготвена за „продолжен енергетски шок“. Нејзината неспособност да ги …

Continue Reading

(Видео) Ај Кју со „Мажена“ го продолжуваат музичкиот континуитет

Дуото составено од Бојан и Марија продолжува сигурно да чекори по својот музички пат со авторски македонски песни, а најновото остварување во нивниот репертоар е „Мажена“. Текстот и аранжманот се целосно дело на Бојан, додека музиката ја создадоа заедно со Марија. „Мажена“ носи скокотлива и шармантна приказна, раскажана низ духовит и лесен пристап, што ѝ дава посебен карактер на песната. …

Continue Reading

Владата ја загрозува куповната моќ, се движиме кон стагфлација, а ДПМНЕ останува нем набљудувач, велат од Левица

Во услови на растечка нееднаквост, пад на животниот стандард и хронична институционална неефикасност, најновите податоци за инфлацијата јасно ја потврдуваат реалноста дека Македонија се движи кон сериозна економска нестабилност, оценуваат од Левица. Владата, според оваа партија, наместо реални мерки води фискална политика базирана на статистички манипулации и политички маркетинг, целосно оддалечена од вистинските проблеми на граѓаните. „Според Државниот завод за …

Continue Reading

(Видео) Воз излета од шините, заробени патници и повредени во Русија

Патнички воз во Русија излета од шините а најмалку 24 лица се повредени меѓу кои и четири деца, објави гувернерот на Чељабинската област Алексеј Текслер. „Нема жртви. Според прелиминарните податоци, двајца патници имаат фрактури, едната фрактура на ногата, другата на клучната коска. Има 20 лица со модринки, меѓу кои и едно дете со повреда на ногата“, напиша тој на платформата …

Continue Reading