Кели Озборн веќе некое време ја интригира јавноста, а причината е нејзиното ненадејно губење на тежината. Како што објавија странските медиуми, таа ослабела дури 38 килограми по породувањето и наводно не користела Оземпик, лек за дијабетес што многумина го злоупотребуваат за да го изгубат вишокот килограми.
Кели сега објави фотографија од летниот одмор на интернет, а нејзината видливо слаба фигура привлече внимание. Таа позираше во едноделен костим за капење што го истакнуваше нејзиното витко тело.
View this post on Instagram
На својот стајлинг додаде очила за сонце и шапка, а не треба да се изоставаат ни ѓерданите, што го подигна обичниот летен стајлинг на следно ниво.
Коментарите од следбениците на Кели само се нижеа, а многумина ѝ рекоа дека е прекрасна.
„Кралица“, „Совршена си. Ни недостигаш“, „Драго ми е што те гледам како уживаш во животот“, се само дел од коментарите…