Портланд навреме го „затвори“ Јокиќ и победи во Денвер
Во ноќта помеѓу понеделник и вторник, во НБА беа одиграни 15 натпревари. Портланд победи во Денвер со 118:110. Денвер Нагетсите доминираа во првата четвртина, која ја добија со 31:19. Имаа и +14 во втората четвртина 48:34. Од тој момент, гостите ги зедоа работите во свои раце. Во третата четвртина, дојдоа до предност 82:80, а пресвртот се случи во последната четвртина. …
Continue Reading
Комунална хигиена-Скопје: Во текот на октомври се подигнати и транспортирани 𝟣𝟦 𝟢𝟢𝟢 тони комунален отпад
Во текот на месецот октомври, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 14 000 тони мешан комунален отпад од домаќинствата и правните субјекти на територијата на градот Скопје. Во истиот период, од јавни и сообраќајни површини се отстранети и 950 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад. Најголемо количество отпад од диви депонии -200 кубни метри- е подигнато …
Continue Reading
МНТ го отвора 22. Меѓународен фестивал на актерот во Никшиќ
Македонскиот народен театар на 5 ноември ќе го отвори 22. Меѓународен фестивал на актерот – Никшиќ 2026, кој ќе се одржи од 5 до 10 ноември под слоганот „Да играме со срце“. МНТ ќе гостува со претставата „Страв и надеж“, во адаптација и режија на Татјана Мандиќ Ригонат, со која ќе започне шестдневната фестивалска програма посветена на актерската уметност и …
Continue Reading
Недела на јапонски филм во Кинотеката, шест филмски приказни со бесплатен влез
Од 4 до 10 ноември 2026 година, во Кинотеката на Македонија ќе се одржи Недела на јапонски филм. Публиката ќе има можност да проследи шест остварувања што ја претставуваат разновидноста на јапонската кинематографија – од семејни драми и трилер до анимација и историска приказна. Сите проекции започнуваат во 19:00 часот, а влезот е бесплатен. Програмата ќе биде отворена во среда, …
Continue Reading
(Видео) Голден Стејт го победи Феникс – Грин физички се пресмета со Брукс
Голден Стејт Вориорс славеа победа против Феникс Санс 116:113. Натпреварот во Сан Франциско мина во тензична атмосфера, го обележа тепачката меѓу Дрејмонд Грин и Дилон Брукс. Стеф Кари го предводеше Голден Стејт со 34 поени, седум скока и шест асистенции. Нигериецот, Чарлс Баси, постигна 19 поени и имаше осоум скока, дебитантот Руки Ландеборг имаше 16 поени и по пет скока …
Continue Reading
ЛДП: Шлаканица за сите жени – дали „машкиот надзор“ е новата владина политика?!
„Некаков средновековен „машки надзор“ е скандал од невидени димензии, реагира со огорченост Либерално-демократската партија (ЛДП) на огласувањето на коалициониот партнер на власта на национална телевизија, со отворено оправдување на насилството врз жените! Ова е директен атак врз достоинството, слободата и безбедноста на секоја жена во Македонија. Го прашуваме Премиерот да одговори веднаш: дали ова е официјалниот став на Владата и …
Continue Reading
Редит ја тужи Австралија поради забраната за користење социјални мрежи за деца
Првата во светот забрана за користење на социјалните мрежи за тинејџери, воведена во Австралија, е „лошо осмислена“ и претставува „сериозно ограничување на политичкиот дискурс“. Ова го изјави адвокат на Reddit пред Високиот суд, во рамките на првиот правен предизвик против овој закон, пренесува Ројтерс. Reddit, заедно со едно либертаријанско здружение, поднесе тужба до судот барајќи укинување на законот, кој им …
Continue Reading
Ќерката на Мајкл Џексон бара 600 милиони долари од оставината на нејзиниот татко
Парис Џексон побара од судот да им наложи на извршителите на оставината на нејзиниот покоен татко, Мајкл Џексон, да префрлат 600 милиони долари во семеен фонд наменет за неа и нејзините браќа. Таа тврди дека фондот, основан по смртта на пејачот во 2009 година, и по повеќе од 17 години сè уште нема добиено средства, иако оставината има генерирано приходи …
Continue Reading
„ДПМНЕ и Славески им одредија џепарлак на граѓаните од нивните сопствени пари во АЛТА банка“, велат од Левица
„Додека гувернерот Трајко Славески ја уверува јавноста дека АЛТА банка Битола е ликвидна и високо капитализирана, илјадници граѓани се соочуваат со ограничен пристап до сопствените пари. Со одлука на Народната банка, на физичките лица им е наметнат неделен лимит од 10.000 денари, експозитурите се затворени, а електронското банкарство е недостапно!“, велат од партијата Левица. „Славески пресметал дека 10.000 денари неделно …
Continue Reading