­

Анчелоти ќе го плати цехот за дебаклот од Арсенал

Карло Анчелоти нема да остане на клупата на Реал Мадрид. Оваа вест, ден по дебаклот во Лондон и поразот од 3:0 во дуелот со Арсенал, ја пренесоа бројни мадридски медиуми. Според овие извори само чудо може да го спаси Анчелоти, а тоа е да се освои или Лигата на шампионите или Ла Лига. Ваквото сценарио е доста тешко во овој …

Continue Reading

(Видео) Алекс Волкановски на УФЦ 314 ќе настапи со специјален македонски шорц

Легендарниот ММА борец Александар Волкановски долго време владееше со категоријата до 66 килограми во УФЦ, но во последно време не му оди толку добро во октагонот. Поранешниот шампион претрпе три порази на последните четири дуели, а на последните два меча претрпе тешки нокаути, од Ислам Махачев и Илија Топурија. „Волк“ сега има можност да се врати на победничките патеки, но …

Continue Reading

Кажале дека бараат часовник што го изгубил затвореник додека играл со кучката Цеца, а барале кокаин и марихуана во топка, кривични за штипски затворски полицајци

Директорот на Управата за санкции Александар Пандов поднесе кривични пријави против неколкумина затворски полицајци од затворот во Штип оти во февруари дозволиле непознат автомобил да влезе преку една од капиите и преку ѕидот да фрли кокаин и марихуана спакувани во топка, а потоа затворски полицајци заедно со затвореници ја барале топката во тревникот. Настанот се случил на 20 февруари, во …

Continue Reading

Определен 30 дена притвор за директорот на Геријатрија

Судот определи 30 дена притвор на директорот на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина во Скопје, Мухсин Арифи, и на уште едно лице кои се осомничени за примање поткуп од 20.000 евра за да сместат болно лице во установата. „Се прифаќа предлогот на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и на осомничените М.А. и Б.А. им се …

Continue Reading

(Видео) Мециновиќ: Зошто седум години не се распишува оглас за генерален директор на МРТ?

Пратеникот и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во контекст на актуелната собраниска процедура за именување нов Програмски совет на МРТ отвори низа прашања поврзани со легитимноста и транспарентноста во работењето на јавниот сервис, на прес-конференција пред зградата на Македонската радио телевизија (МРТ). Мециновиќ потсети дека МРТ е една од најважните институции во државата, со историска улога во креирањето и зачувувањето …

Continue Reading

Мисајловски во посета на Командата за операции на македонската Армија

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски денеска (9 април) заедно со началникот на Генералштабот, генерал- мајор Сашко Лафчиски во кумановската касарна „Боро Менков“ ја посетија Командата за операции на македонската Армија – команда во чиј состав функционираат сите видови на родови и служби во Армијата. За време на посетата министерот беше брифиран за активностите на Командата, како и за следните планови …

Continue Reading

Фетаи: Чекор поблиску до транспарентноста во управувањето со државниот имот

Владата на Република Северна Македонија вчера го одобри барањето на Кабинетот на заменик-претседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи, за проширување на работната група која ќе го изработи Акцискиот план за имплементација на препораките од Завршниот извештај на Државниот завод за ревизија за управувањето со државниот имот. „Ова е значаен чекор кон создавање ефикасен, праведен и …

Continue Reading

Герасимовски: Целосно исчистена депонијата кај Буњаковец

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, информира дека целосно е исчистена дивата депонија зад катната гаража во Буњаковец, во близина на ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“. Отстранувањето започна минатиот месец како дел од акцијата за чистење „Центар не чека, Центар чисти“, при што беа подигнати големи количини отпад, се миеја улици и се подобруваше хигиената низ целата општина. „Целосно ја исчистивме …

Continue Reading

Постигнат е договор за новата германска влада

Четириесет и пет дена по парламентарните избори во Германија, демохристијаните (ЦДУ/ЦСУ) и социјалдемократите (СПД) постигнаа договор за заеднички коалициски договор. Оваа среда во 15 часот раководството на двете партии ќе и се обрати на јавноста и ќе го презентира постигнатиот договор. Според пишувањата на германските медиуми, веќе е договорена поделбата на најважните министерства. СПД на тој начин треба да ги …

Continue Reading