Советот на општина Струмица ја одржа својата шестта седница, на која присуствуваше и градоначалникот Петар Јанков. На дневниот ред беа усвоени предлог-одлуки, програми, решенија и правилници од повеќе области под општинска надлежност.
Од областа на спортот, донесени беа следните одлуки:
Времено користење на тениски игралишта во склоп на Дом на АРМ Струмица на тениски клуб „Нет“ Струмица.
Времено користење на фудбалско игралиште во населено место Куклиш на фудбалски клуб „Интер Кукла“.
Усвоени беа правилници за утврдување критериуми за распределба на финансиски средства до спортските здруженија и други правни лица во областа на спортот.
Правилник за условите, критериумите и постапката за доделување финансиска поддршка за стекнување и унапредување на тренерски лиценци или спортски работници во општина Струмица.
Советниците ја усвоија и предлог-одлуката за продолжување на работното време на угостителските објекти, како и утврдување на надоместок од 6.000 денари за четири метри квадратни на времени објекти поставени на јавни површини за време на одржувањето на Карневалот.
На дневниот ред беше и ЈПЕД „Струмица – Гас“, за кое беа усвоени:
Предлог-одлука за задолжување во износ од 20 милиони денари за набавка на природен гас.
Одлука за издавање на гаранција за задолжување на ЈПЕД „Струмица – Гас“.
Ценовник за приклучување на корисници на дистрибутивната гасоводна мрежа за 2026 година.
Усвоен е и предлог-планот за запишување на ученици во прва година во средните општински училишта во учебната 2026/2027 година, според кој опфатени се 750 ученици.
На седницата беа разрешени и именувани нови членови во комисии, управни и надзорни одбори на дел од општинските јавни претпријатија и институции. Исто така, за шест граѓани беа усвоени одлуките за доделување на парична помош.
The post Советот на општина Струмица ја одржа шесттата седница: Усвоени одлуки за спорт, образование, гас и финансиска поддршка appeared first on Општина Струмица.