Хет-трик на Олисе и јубилеј на Кејн – Баерн го растури Унион Берлин

Фудбалерите на Баерн демонстрираа својата сила против Унион Берлин во 4. коло од Бундеслигата, славеа со 7:0. Незапирливиот Михаел Олисе постигна три гола, додаде два гола и една асистенција, забележа Хари Кејн. Англичанецот во победата го запиша 100-от гол во Бундеслигата. Џамал ​​Мусијала ја започна серијата на Баварците 18. минута и го најави дебаклот на гостите од главниот град. До …

Continue Reading

(Видео) Елче со десетмина го декласира Еспањол

Фудбалерите на Елче направија подвиг во Каталонија – го победија Еспањол со 3:1, иако беа со играч помалку од пестата минута. Херојот на Елче е стрелецот на два гола, Фер Нињо. Судијата, по сугестија од ВАР собата, му покажа директен црвен картон на Редондо, фудбалерот на гостинскиот тим, затоа што го повлече Брајан Сарагоса во моментот кога беше последен играч …

Continue Reading

Подземната сообраќајница кај „Лимак“ треба да биде пуштена најдоцна до 2029 година – завршена е првата фаза

Подземната сообраќајница кај комплексот „Лимак“ е во напредна фаза на реализација, а Град Скопје со забрзано темпо продолжува со работата на останатите делови од проектот, соопшти Град Скопје. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, информира дека останува да се довршат осветлувањето и системот за заштита од пожари, како и асфалтирањето. Овие активности ќе се реализираат во завршната фаза, по завршувањето на останатите градежни …

Continue Reading

Град Скопје ги подготвува трасите и полначите пред пристигнувањето на новите 100 автобуси, најави Ѓорѓиевски

Во тек е рокот за испорака на новите автобуси, а Град Скопје паралелно ги презема сите потребни активности за подготовка на инфраструктурата, со цел автобусите веднаш по пристигнувањето да можат да бидат ставени во функција. Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, истакна дека не се губи време и дека подготовките се одвиваат паралелно со рокот за испорака. Во моментов се …

Continue Reading

Ахмети и Таравари на средба за предвремените избори во Брвеница

Вечерва во Тетово се одржува средба меѓу претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, и претседателот на Алијансата за Албанците (АА), Арбен Таравари, како и раководните тимови на двете партии. Во центарот на средбата, како што соопшти ДУИ, е координацијата на заедничките активности и ангажмани за предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница. „Двајцата претседатели разговараат за организирањето …

Continue Reading

Утре почнува 47. издание на „Браќа Манаки“, фестивалот го отвора филмот на Дина Дума

Утре во Битола почнува 47. издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, кој годинава ќе понуди богата филмска и едукативна програма и ќе донесе голем број гости од светската кинематографија. На денешната прес-конференција, директорот на фестивалот Димитрија Доксевски и претседателката на Друштвото на филмските работници на Македонија, Марија Димитрова, ги претставија главните акценти на годинашното издание. Покрај лауреатите …

Continue Reading

Куба остана без струја, целосно падна електроенергетската мрежа

Кубанската електроенергетска мрежа денеска повторно целосно падна, оставајќи без струја речиси целата островска држава со околу девет милиони жители, соопшти кубанското Министерство за енергетика. Причината за денешниот колапс засега не е објавена. Станува збор за уште еден во низата целосни падови на националниот електроенергетски систем во време кога Куба се соочува со најголемата енергетска криза во последните неколку децении. Електроенергетскиот …

Continue Reading

Трик за чистење на тврдокорната нечистотија од прозорците

Постојат места во домот што редовно ги чистиме, а сепак лесно ги забораваме. Едно од нив се жлебовите на прозорците, каде со текот на времето се собираат прашина, песок, влакна и друга нечистотија. Во комбинација со влагата, може да се создадат тврдокорни темни наслаги кои тешко се отстрануваат со обична крпа. На интернет се прошири едноставен трик за нивно чистење …

Continue Reading

Јавното обвинителство и Словенечката развојна академија договараат соработка за поддршка на ЕУ-реформите

Јавниот обвинител Ненад Савески денеска оствари средба со експертски тим од Словенечката развојна академија во состав: Андреја Долничар Јерај, програмска и извршна директорка, Јоже Левашич, виш државен обвинител во Р. Словенија, д-р Татјана Драговиќ, експерт за учење кај возрасни и развој на професионални компетенции во правосудството и органите за спроведување на законот, како и Дамјана Слапар Буркат, експерт за примена …

Continue Reading