Карди Би го откри името на синот по една година, зад него стои посебна приказна


12794616.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Раперката Карди Би го откри името на својот син, една година по неговото раѓање. Момчето, чиј татко е играчот на американски фудбал Стефон Дигс, се вика Греј Марсин Дигс (Grey Marsean Diggs). Таа го сподели неговото име во објава на Instagram по повод неговиот прв роденден, кој семејството го прослави со забава инспирирана од серијата „Вовед во анатомија“ (Grey’s Anatomy).


Во роденденската објава на Instagram, Карди Би директно му се обрати на својот син. „Помина само една година откако се запознавме, но се чини како да си покрај мене цел живот“, напиша таа.

Таа се осврна и на својата бременост, истакнувајќи: „Те носев во себе во еден од најнеизвесните и најстресните периоди од мојот живот. Додека растеше во мене, истовремено ми даваше сила да продолжам понатаму. Им даде сосема ново значење на ’сивите‘ (grey) денови“.

„Со твојата насмевка, твојата смеа и твојата прекрасна личност, го осветлуваш мојот живот и носиш радост каде и да одиш“, додаде таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cardi B (@iamcardib)

 

Греј е четвртото дете на Cardi B. Раперката има и осумгодишна ќерка, Култур Киари (Kulture Kiari); петгодишен син, Вејв Сет (Wave Set); и двегодишна ќерка, Блосом Бел (Blossom Belle) – сите со раперот Офсет (Offset). Раѓањето на Греј беше потврдено минатиот ноември, иако тогаш не беше откриено неговото име. Беше соопштено само дека и Cardi B и бебето се „здрави и среќни“ по породувањето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cardi B (@iamcardib)

 

 

фото/ЕПА

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK