Македонски државјанин признал убиство на жена на Крит, телото го закопал во поле, јавуваат грчките медиуми

43-годишниот македонски државјанин кој го изнајмувал домот на Ставрула Левендаки признал дека ја убил жената. По злосторството, тој го закопал нејзиното тело во поле на околу пет километри од куќата, пишува грчкиот весник „Прототема“. Според првичните информации, Ставрула Левентаки имала убодни рани во пределот на градниот кош, како и повреда на главата, најверојатно нанесена со метален предмет. Осомничениот изјавил дека …

Continue Reading

Тешка сообраќајна несреќа во Италија: Автомобил со девет млади лица излетал во канал, тројца загинати

Во тешка сообраќајна несреќа што рано утрово се случила во Сенаго, во поширокото подрачје на Милано, животот го загубиле повеќе млади лица откако автомобил излетал од патот и паднал во канал. Несреќата се случила во неделата околу 5 часот наутро, кога автомобил „Ауди“, во кој се наоѓале најмалку девет млади лица, излетал од коловозот и завршил во каналот Вилорези, објавува …

Continue Reading

Обвинителството поведе постапка по два случаи на тешко насилство врз жени и деца

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – загрозување на сигурноста. Осомничениот 56-годишник подолг временски период психички и физички ја малтретирал сопругата и нивните две деца на возраст од 18 и 15 години. Иако постојано манифестирал агресивно однесување, домашните од страв не го пријавувале, се додека 15-годишната ќерка, не можејќи да ги издржи заканите, навредите …

Continue Reading

16-годишно девојче од Штип следено додека шетало покрај Брегалница, па сексуално вознемирувано

Обвинителството отвори истрага против едно лице за кое постои основано сомнение дека извршило други полови дејствија врз 16-годишно девојче. „На 18 јуни, додека жртвата се движела по пешачката патека покрај реката Брегалница во Штип, осомничениот започнал да ја следи. Девојчето, чувствувајќи се непријатно, седнало на клупа, очекувајќи дека тој ќе продолжи да се движи. Но осомничениот седнал до неа и …

Continue Reading

(Видео) Род Стјуарт колабира на сцена, концертот го доврши седејќи на столче

Британскиот рок-музичар, Род Стјуарт, мораше накратко да го прекине концертот во Јута минатиот петок откако му се слошило на сцената. Осумдесет и едногодишниот музичар зад сцената примил кислород, по што се вратил пред публиката и го довршил настапот седејќи на столче. Инцидентот се случил во амфитеатарот Utah First Credit Union Amphitheatre во Вест Вали Сити. Според порталот „ТМЗ“, Стјуарт за …

Continue Reading

(Видео) Филипче: Ветуваа искоренување на корупцијата, направија тендерски скандали од 150 милиони евра

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, рече дека едно од најголемите разочарувања по две години владеење на Христијан Мицкоски е целосниот неуспех да се испорача подобар животен стандард, и дебакл во борбата против корупцијата и реформите во правосудството, иако токму тоа беше едно од клучните ветувања пред изборите. Филипче изјави дека Мицкоски ветуваше одговорност, правда и искоренување на корупцијата во јавните …

Continue Reading

Стојаноски: Просечната нето-плата порасна за близу 8.000 денари за две години

Просечната нето-плата во Македонија е зголемена за близу 8.000 денари во период од две години, изјави на денешната прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски. Тој посочи дека според официјалните податоци, во март 2024 година просечната нето-плата изнесувала 40.496 денари, додека во март 2026 година достигнала 48.433 денари. „Тоа значи дека за две години просечната нето-плата е зголемена за близу 8.000 …

Continue Reading

Охрид доби директна авиолинија до Виена, летови двапати неделно

На Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид утрово слета првиот авион на „Аустриа Ерлајнс“, со што и официјално започна да функционира новата редовна авиолинија Виена – Охрид. Линијата ќе се реализира двапати неделно, секој четврток и недела, со што Охрид и охридското крајбрежје добиваат директна поврзаност со уште една европска дестинација. Воведувањето на оваа линија има огромно значење за развој …

Continue Reading

Над 200 уметници на сцената: „Кармина Бурана“ обедини музичари од Скопје, Софија и Солун

Со спектакуларна изведба на кантатата Кармина Бурана од германскиот композитор Карл Орф, Оркестарот на Македонска филхармонија ја заокружи концертната сезона „Без филтер“. Во проектот учествуваа повеќе од 200 уметници, меѓу кои музичари од Македонската филхармонија, Софиска филхармонија и Државен симфониски оркестар на Солун, како и хорот на Македонска опера и балет, детскиот хор „Пиколо“ и хорот на Музичкото училиште од …

Continue Reading