Кина најжестоко одговори на царините на Трамп
Кинеското Министерство за финансии објави дека Пекинг ќе воведе царина од 34 отсто за сите стоки увезени од САД почнувајќи од 10 април. Кинеското Министерство за финансии вчера објави дека почнувајќи од 10 април ќе воведе царина од 34 отсто за сите стоки увезени од Соединетите Американски Држави. „Кина апелира до Соединетите Американски Држави веднаш да ги прекинат своите еднострани …
Continue Reading
Акциска контрола во Тетово: пронајдени кокаин и остри предмети, затворени угостителски објекти
Синоќа од 23 до 02 часот на подрачјето на СВР Тетово, полициските службеници од СВР Тетово во содејство со Државен пазарен инспекторат, Државен инспекторат за труд и Дирекција за заштита и спасување спроведоа акциска контрола во три угостителски објекти. Притоа, во еден угостителски објект бил лишен од слобода Р.Е.(32) од Тетово, кај кого при преглед бил пронајден и одземен кокаин. …
Continue Reading
Во руски ракетен напад врз Украина загинаа 18 лица, меѓу кои девет деца
Бројот на загинати во рускиот ракетен напад врз украинскиот град Кривји Рих во петокот денеска се искачи на 18, од кои девет се деца. 61 лице е рането, соопшти регионалниот гувернер Сергеј Лисак. Четириесет лица се хоспитализирани, меѓу кои две деца во критична состојба, а 17 во тешка состојба. Властите соопштија дека во нападот биле оштетени околу 20 станбени згради, …
Continue Reading
(Видео) Спасовски: Градоначалникот на Крива Паланка лажеше дека има цијанид 100-тици пати над дозволеното
Градоначалникот на Крива Паланка лажеше дека во водата во Крива Паланка има цијанид 100-тици пати над дозволеното, за да шири паника и манипулира пред избори, кажа денеска на прес-конференција Емил Спасовски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Сашко Митовски свесно ги лажеше граѓаните и на Крива Паланка и на целата држава дека загадувањето на водата во Крива Паланка со цијанид е 100-тици пати …
Continue Reading
(Видео) Кузеска: Со Тошковски на чело, МВР е во хаос – бодигарди аздисуваат на улиците како на див запад
Со Панче Тошковски на чело на МВР хаос се случува по македонските улици, безбедноста е загрозена, нема никаков ред и поредок, кажа денеска на прес-конференција Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ. „МВР се сведе на тоа да не може ниту еден џип неправилно паркиран да санкционира. Скандалот во Дебар Маало по којзнае кој пат го потврди нефункционирањето на МВР ама го …
Continue Reading
Димитриеска-Кочоска на Меѓународна контролинг конференција – Ефикасно управување со јавните финансии и одговорни институции главна смерница на фискалната политика
Владата и Министерството за финансии целат кон примена на европските стандарди за модерно и одговорно управување со јавните финансии со цел ефикасно управување со средства и транспареност и одговорност на институциите. Ова го порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на 5-тата Меѓународна контролинг конференција што се одржа во Скопје, а беше посветена на процесот на контролинг во приватниот и во …
Continue Reading
Уапсен неготинчанец кој украл возило, пијан и без возачка дозвола скршил рампи на наплатни станици на автопат
Упасен е 26-годишен неготинчанец кој украл автомобил, без возачка дозвола и под дејство на алкохол искршил рампи на наплатни станици во правец кон Велес, па кон Неготино, информира МВР. „На 04.04.2025 во 23.15 часот на автопатот А1, на бензинска пумпа во близина на Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово го лишиле од слобода М.Д.(26) од Неготино. …
Continue Reading
(Видео) Манасиевски: Левица и Апасиев во директен договор со Извршител и банка купиле конфискуван имот за 3 пати пониска цена
Левица и Апасиев во директен договор со Извршител и банка купиле конфискуван имот за 3 пати пониска цена, кажа денеска на прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. „Левица и Апасиев се фатени ин флагранти во зделката на деценијата, за која многу светски инвеститори можат да им позавидат. Само Левица и Апасиев можат да купат деловен објект одземен преку …
Continue Reading
Средба Исени – Филипиду: Со заеднички сили во управување со миграциите и борбата со илегалната миграција
Заменик Министерот за внатрешни работи Астрит Исени денеска оствари работна средба со делегација од Амбасадата на Република Грција во Скопје, Н.Е. Софија Филипиду. Во придружба на почитуваната Амбасадорка беа и Димитрис Каиридис, поранешен министер за миграција и азил, и полициското аташе на Република Грција во земјава, Димитриос Лиаскос. На средбата Заменик Министерот Исени ја подвлече важноста, но и посветеноста на …
Continue Reading