Европа на нозе: Урсула фон дер Лајен итно патува во Литванија
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во вторник патува во Литванија откако серија инциденти со беспилотни летала во балтичките држави ги натераа граѓаните да бараат засолниште во подруми и засолништа. Според „Политика“, фон дер Лајен треба да се сретне со лидерите на балтичките држави за да го координира одговорот на безбедносните закани. Европскиот комесар за одбрана, Андријус Кубилијус, …
Continue Reading
Вашингтон и Техеран блиску до договор? Блокадата останува на сила
САД ќе одржуваат поморска блокада на иранските бродови во Ормускиот теснец додека не се потпише договорот, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, додека претставници на неговата администрација тврдат дека преговарачите ќе имаат 60 дена за да постигнат конечен договор. Трамп напиша на Truth Social дека блокадата на САД ќе остане на сила додека не се постигне договор, не се ратификува и …
Continue Reading
Рубио: Или добар договор со Иран, или ќе се справиме со нив на поинаков начин
Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека САД или ќе имаат добар договор со Иран, или ќе се справат со таа земја „на поинаков начин“. „САД ќе ѝ дадат на дипломатијата секоја шанса да успее пред да почнат да бараат алтернативни решенија“, изјави Рубио пред новинарите во Њу Делхи, според Ројтерс. Тој потврди дека „има прилично солидна работа на …
Continue Reading
Сончево и топло со мала до умерена облачност
Времето денес, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен северен ветер. Попладне претежно во јужните делови ќе има услови за локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени. Во Скопје, …
Continue Reading
(Видео) Милан и Јувентус останаа без ЛШ
Милан и Јувентус, во нестварен расплет, останаа без пласман во Лигата на шампионите. Место во елитата, прв пат во историјата избори Комо. Во борбата за опстанок, најлошо мина Кремонезе. Екипата од Кремона испадна заедно со Верона и Пиза. Комо, предводен од клупата од Сеск Фабрегас ја круниса, неверојатната сезона со победа од 4:1 над Кремонезе, го исфрли ривалот од Серија …
Continue Reading
Спектакл во Канада и нова победа на Антонели
Андреа Кими Антонели, возач на Мерцедес, победи на Големата награда на Канада. Кими Антонели, 19-годишниот возач на Формула 1, има сезона од соништата на патеката „Жил Вилнев“ во Канада ја забележа четвртата победа во петтата трка оваа сезона. Тој славеше пред Луис Хамилтон (најдобар резултат во Ферари) и Макс Ферстапен, а неговиот колега Џорџ Расел ја заврши трката предвреме поради …
Continue Reading
Олимпијакос преку Реал до европската титула
Кошаркарите на Олимпијакос се новите шампиони на Евролигата откако го победија Реал Мадрид во финалето со 92:85. Кошаркарите на Олимпијакос ја освоија Евролигата по четврти пат во историјата, овој триумф е прв по пауза од 13 години. Реал го отвори натпреварот многу подобро и брзо стекна голема предност преку расположениот Треј Лајлс, но Олимпијакос го фати ритамот во текот на …
Continue Reading
Тело на маж најдено во летниковец на Водно
Телото на 64-годишен скопјанец било пронајдено синоќа во летниковец на Средно Водно, на местото познато како „Видиковец“, откако претходно бил пријавен за исчезнат. Станува збор за Б.П. од Скопје, кој според пријавата се оддалечил од својот дом пред да биде пронајден без знаци на живот. На местото интервенирала Итна медицинска помош, чиј лекар ја констатирал смртта. По наредба на …
Continue Reading
Во автобус што сообраќал од Германија кон Македонија откриени непријавени 34.965 евра кај патник од Теарце
Речиси 35.000 евра непријавени пари биле пронајдени во автобус што сообраќал од Германија кон Македонија, при контрола што денеска ја спровела полицијата на подрачјето на Тетово. Според информациите од МВР, автобусот „мерцедес“, сопственост на туристичка агенција, бил запрен од полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки. Возилото го управувал 37-годишниот Р.Ф. од тетовското село Доброште. При прегледот на автобусот, …
Continue Reading