Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на Општина Брвеница

Ноќеска на полноќ истече рокот за поднесување кандидатски листи за предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Според ДИК, поднесени се вкупно шест кандидатски листи, од кои четири од коалиции и две од групи избирачи. „За предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница, поднесени се вкупно шест листи на кандидати, од кои четири листи се …

Continue Reading

Активен пожар во селото Конско, гевгелиско

Еден активен пожар е регистриран до 13 часот. Станува збор за пожар во селото Конско во општина Гевгелија. Центарот за управување со кризи информира дека интервенираат три пожарникари со едно противпожарно возило.

Continue Reading

Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во Битола

Мотоциклист од битолското село Кравари се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила вчера во Битола. Според информациите од МВР, несреќата била пријавена на 12 септември во 12:23 часот, на крстосницата на улиците „Солунска“, „Димо Хаџи-Попов“ и „Михајло Бојаџиев“. Во несреќата учествувале патничко возило „Мерцедес“, со битолски регистарски ознаки, управувано од 26-годишниот Д. Ќ. од Битола, …

Continue Reading

53-годишен маж пронајден починат во својот дом во Аеродром

53-годишен маж бил пронајден починат во својот дом на подрачјето на општина Аеродром во Скопје. Од МВР информираат дека случајот бил пријавен на 12 септември околу 13:25 часот во СВР Скопје. На местото, лекар констатирал смрт кај В.М. (53). Извршен бил увид, а по насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.

Continue Reading

48-годишен тетовец уапсен по пријава од сопругата: Ја нападнал во нивниот дом по расправија

48-годишен жител на Тетово е лишен од слобода поради сомнение дека физички ја нападнал својата 41-годишна сопруга во нивниот дом. Од СВР Тетово информираат дека на 12 септември во 15:30 часот, на улицата „Борче Кочовски“ во Тетово, полициски службеници го лишиле од слобода 48-годишниот маж поради сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ при семејно насилство. Случајот во полицијата во …

Continue Reading

Марк победи во Мизано, го стигна Мартин во генералниот пласман

Марк Маркез победи на трката за Големата награда на Сан Марино и Римини, со што го комплетираше совршениот викенд на патеката „Марко Симончели“. Актуелниот првак победи пред помладиот брат Алекс (Гресини Дукати) и возачот на КТМ, Педро Акоста. Трката во Мизано, донесе големи возбудувања во првата половина. Марко Бецеки, ја задржа првата позиција на стартот, но по своја грешка, излета …

Continue Reading

Големиот пожар во Брач зад себе остави пустош

Пожарот што го зафати хрватскиот остров Брач остави зад себе големи опожарени површини, а снимките од теренот покажуваат колку силно огнената стихија ја зафатила природата. На видеото се гледаат целосно изгорени дрвја, поцрнет терен прекриен со пепел и чад што сè уште се издигнува меѓу остатоците од пожарот. Пожарот избувна доцна во четврток навечер меѓу Ложишќа и Грабовица, а силниот …

Continue Reading

„Безбеден град“ во Велес за ден и пол регистрирал 150 казни, Тошковски: За 40 отсто се намалени жртвите во сообраќајот

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со премиерот Христијан Мицкоски, денеска во рамки на посетата на Велес го посетија модернизираниот команден центар на СВР Велес, каде што се запознаа со неговото функционирање и го означија почетокот на функционирањето на системот „Безбеден град“ на подрачјето на СВР Велес. Како што соопшти МВР, Тошковски информираше дека новиот команден центар е сместен …

Continue Reading

Крст во чест на 63-те жртви од „Пулс“ поставен на влезот во Кочани

Во непосредна близина на дискотеката „Пулс“, на влезот во Кочани, е поставен голем крст во чест и спомен на загинатите во трагедијата што го погоди градот. Крстот е висок 17 метри и широк 12 метри, а го освети митрополитот Брегалнички г. Иларион, заедно со свештенослужителите од храмот „Св. вмч. Георгиј“ во Кочани. Тој посочил дека спомен-обележјето ќе остане и како …

Continue Reading