(Видео) Мециновиќ: Пристапот до дом е врзан со долг – наместо дом за секого, Владата создава профит за малкумина

На денешната седница за пратенички прашања, пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, упати серија критики до вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој не беше присутен на седницата каде власта треба да даде отчет. Мециновиќ посочи дека власта постојано зборува за „инфраструктурен бум“ и економски успеси, додека истовремено илјадници млади луѓе не можат да обезбедат сопствен дом и се принудени …

Continue Reading

(Фото) Ѓорѓиевски: Од дива депонија до голем модерен парк во Сарај

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски извести дека денеска заедно со градоначалникот на општина Сарај, Мухамед Елмази, го посетиле просторот покрај реката Вардар, на патот кон селото Рашче, место кое, како што вели до вчера било дива депонија, а денес веќе се чисти и се подготвува да добие сосема нов лик. „Овој запуштен простор ќе прерасне во голем, модерен и …

Continue Reading

Се финализираат измените и дополнувањата на Изборниот законик

Денес се одржа деветтата седница на Работната група за реформи во изборното законодавство, на која продолжи разгледувањето на предлог-измените и дополнувањата на Изборниот законик. Во текот на досегашната работа, Работната група разгледа и усогласи низа клучни прашања, вклучително и препораките на ОБСЕ/ОДИХР, како и предлозите доставени од државните институции и политичките партии. Дел од решенијата беа усогласени со консензус, додека …

Continue Reading
Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја

Тепачка во Кавадарци: четворица приведени

Вчера во периодот од 17:25 до 17:40 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги привеле И.С.(32), С.С.(31), 30-годишната С.С. и 30-годишната С.С., сите од Кавадарци, затоа што на улицата „Браќа Џунови“ во Кавадарци го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По документирање на настанот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Continue Reading

Шпионирање на СП? Мексиканската армија срушила дрон

Селекторот на фудбалската репрезентација на Јужна Кореја, Хонг Мјунг-Бо, го опиша инцидентот со дрон што прелетал над затворениот тренинг на неговиот тим во Гвадалахара пред натпреварот на Светското првенство против Мексико како несреќен. Мексиканската војска пресретнала и соборила летало што се приближувало до тренинг-кампот, потврдил во средата, федерален функционер за Асошиејтед Прес. Во четврток, Јужна Кореја игра против ко-домаќинот на …

Continue Reading

Не застанал на знак за запирање, па удрил со „мерцедесот“ во дрво: полицијата пронајде 12 мигранти, возачот избегал

Вчера околу 19:47 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот од Градско кон Скопје се движи патничко возило „мерцедес“ кое било со регистарски таблички од друго возило. Возилото не застанало на знак за запирање и на клучка Миладиновци се вратило назад и продолжило по земјен пат во с.Блаце, општина Петровец, каде што удрило во дрво, по што возачот …

Continue Reading

Се судрија две товарни возила на скопската обиколница: тешко повреден еден од возачите

Вчера во 05:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница на Град Скопје „Мајка Тереза“, кај клучка Радишани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.С.(36) од село Петровец, скопско и товарно возило „даф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од О.Ј.(46) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил …

Continue Reading

Изгоре куќа во Бутел: нема повредени лица

Рано утрово, во 04:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Бутел настанал пожар во куќа сопственост на В.А., кој во моментот бил во Италија. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Бил извршен увид.

Continue Reading
Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја

Тешко повредена жена од Радовиш: изгубила контрола врз електричниот тротинет и паднала

На 17.06.2026 во 11:10 часот во ОВР Радовиш е пријавено дека на улицата „Ленинова“ во Радовиш, 55-годишната С.М. од Радовиш, управувајќи електричен тротинет, изгубила контрола и паднала на коловозот. Притоа, таа се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Радовиш.

Continue Reading