Брисел со забелешки во извештајот за Македонија: Нема уставни измени, ниту напредок во борбата против корупцијата


makedonija-eu.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Северна Македонија постигнала значителен напредок во спроведувањето на Реформската агенда, но за продолжување на евроинтегративниот процес неопходно е усвојување на уставните измени, се наведува во Извештајот на Европската комисија за 2026 година.


Еврокомесарката за проширување Марта Кос, порача дека целта на Комисијата останува отворање на првиот преговарачки кластер веднаш по исполнувањето на условите.

„Сега тоа зависи од Северна Македонија“, истакна Кос.

Во извештајот се констатира дека не биле направени обиди за усвојување на уставните измени предвидени со заклучоците на Советот од 18 јули 2022 година, со кои во Уставот треба да бидат вклучени и граѓаните кои се дел од други народи, меѓу кои и Бугарите.

Европската комисија оценува дека е постигнат одреден напредок во судските реформи, но независноста и финансиската автономија на судството и понатаму се поткопани од постојано мешање на другите гранки на власта, како и од сериозен недостиг од финансиски и човечки ресурси. Во спречувањето и борбата против корупцијата не е постигнат напредок, оценува ЕК, посочувајќи дека корупцијата останува распространета и претставува сериозна причина за загриженост.

Се забележува и дека измените на Кривичниот законик од јануари 2026 година не ги отстраниле негативните последици од измените во 2023 година.

Во однос на демократските институции, ЕК посочува дека политичката поларизација го забавува донесувањето на важни реформски закони, а во голем дел од преговарачките поглавја напредокот е ограничен или воопшто го нема.

Забелешки има и за притисоците врз новинарите, недоволната заштита на човековите права и спроведувањето на изборните препораки. Во областа на слободата на изразување не е забележан напредок, а јавниот радиодифузен сервис и регулаторното тело и понатаму се соочуваат со предизвици поврзани со финансиската и административната автономија.

Во делот за добрососедските односи, Комисијата бара дополнителни напори за подобрување на дијалогот со Бугарија и доследно спроведување на билатералните договори. Во извештајот се наведува и дека членови на Владата и високи функционери повремено не го користат уставното име на државата, што може негативно да влијае врз односите со Грција.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK