„Надворешната политика на државата и целосната усогласеност со ЗНБП повторно највисоко оценети од ЕУ“, извести Министерство за надворешни работи
„Европската комисија во Извештајот за 2026 година повторно највисоко ја оценува надворешната, безбедносната и одбранбената политика на нашата држава, констатирајќи добро ниво на подготвеност и добар напредок во Поглавјето 31“, извести Министерство за надворешни работи и надворешна трговија. „Особено се истакнува задржаната целосна усогласеност со Заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија (ЗНБП), вклучително и со изјавите на високиот …
Continue Reading
(Видео) Републиканец ја критикува администрацијата: Министерка на Трамп потроши милиони на реклама во која таа јава коњ
Републиканскиот сенатор Том Тилис остро ја критикуваше администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп по поразот на републиканците на изборите во средината на мандатот. Тој делумно ја префрли вината за изборниот неуспех врз поранешната министерка за внатрешна безбедност, Кристи Ноем, и министерот за одбрана, Пит Хегсет, наведувајќи дека тие немаат капацитет да раководат со толку големи и сложени институции. Во разговор …
Continue Reading
СДСМ: Среде криминалниот скандал со „Алта банка“, Кочоска и Мицкоски фингираат податоци за јавниот долг
Среде криминалниот скандалот со „Алта банка“, Кочовска и Мицкоски фингираат податоци за јавниот долг за да го прикријат историското задолжување на криминалната банда. Додека скандалот со Алта банка ја тресе јавноста и се бара одговорност од Мицкоски и Славески, неговите министри се во паника и прават се за да го заштитат, па дури и преку фингирање економски податоци, велат од …
Continue Reading
Почина легендарниот Алан Џонс
Легендарниот австралиски возач Алан Џонс, светски шампион во Формула 1 во 1980 година и прв освојувач на титулата во автомобил на Вилијамс, почина на 80-годишна возраст, по кратко боледување. Веста за неговата смрт ја потврди неговата сопруга Аманда Батлер-Дејвис во соопштение објавено од „Motorsport Australia“. „Со голема тага објавуваме дека нашиот сакан Алан почина на 5 ноември, по кратко боледување. …
Continue Reading
Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на македонската дијаспора во Белгија
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на работната посета на Брисел, оствари средба со претставници на дијаспората во Белгија. Присутните споделија свои искуства од животот и работата во Белгија, посочувајќи ја потребата од постојана комуникација и поцврста поврзаност со македонските институции. За Сиљановска-Давкова, географската дистанца не значи и духовно оддалечување од татковината, оти човек може физички да замине од својата земја, …
Continue Reading
Харис по поразот на републиканците: На Американците им е доста од корупцијата и неспособноста на Белата куќа
Поранешната американска потпретседателка Камала Харис остро ја критикуваше администрацијата на Доналд Трамп по убедливиот пораз на републиканците на изборите за Конгресот, порачувајќи дека демократите мора одлучно да ги искористат сите механизми на власта за да ја повикаат Белата куќа на одговорност. „На денот на изборите американскиот народ проговори гласно и јасно: доста му е од корупцијата, неспособноста и бесчувствителноста што …
Continue Reading
Телескоп на НАСА, тежок тон и пол, падна од орбитата и изгоре во Земјината атмосфера
Сателитскиот телескоп „Свифт“ (Swift) на НАСА, кој повеќе од две децении ги проучуваше најмоќните познати енергетски експлозии во вселената, вчера излезе од орбитата – како што и се очекуваше – и изгоре во атмосферата на Земјата над Индонезија, соопшти вселенската агенција. Огнениот крај на опсерваторијата Neil Gehrels Swift, која тежеше приближно 1.452 килограми, се случи помалку од три месеци по …
Continue Reading
Дојавa за бомба во авион од Даблин за Рим, леталото пренасочено кон Франција
Авион од типот „Ербас“, кој сообраќал на релацијата Даблин – Рим, бил пренасочен кон воздухопловна база во северна Франција по дојава за бомба, потврди денеска кабинетот на францускиот премиер Себастијан Лекорни. Од кабинетот соопштиле дека внимателно ја следат ситуацијата и дека околностите на инцидентот сè уште се утврдуваат, пренесува „Евроњуз“. Инцидентот следува откако завчера десетина европски летови биле цел на …
Continue Reading
Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот!
„Бесна сум и тажна што владејачкото мнозинство нема волја да ги заштити жените и ги остава сами на себе. Со неприфаќањето на електронската нараквица убивте уште една жена! Билјана пријавила насилство и смртни закани, девојка од 17 години бегала од насилникот и живеела во страв! И сега пред нас се болни и тешки прашања на кои надлежните мора да дадат …
Continue Reading