Авион од типот „Ербас“, кој сообраќал на релацијата Даблин – Рим, бил пренасочен кон воздухопловна база во северна Франција по дојава за бомба, потврди денеска кабинетот на францускиот премиер Себастијан Лекорни.
Од кабинетот соопштиле дека внимателно ја следат ситуацијата и дека околностите на инцидентот сè уште се утврдуваат, пренесува „Евроњуз“.
Инцидентот следува откако завчера десетина европски летови биле цел на слични закани. Надлежните служби соопштиле дека дојавите предизвикале краткотрајно затворање на аеродромот во Варшава, додека во Рим морале да интервенираат воени авиони.
Британската влада ги оценила овие инциденти како „злонамерни лажни закани“.