Ливерпул сака да го врати Трент и да го донесе Скот за 100 милиони евра

Ливерпул подготвува значајни промени во тимот по заминувањата на Мохамед Салах и Ендру Робертсон. Бидејќи договорите на Вирџил ван Дајк и Алисон Бекер истекуваат следното лето, раководството на клубот разгледува нови трансфери, а дел од реконструкцијата би можел да започне уште во јануарскиот преоден рок, пишуваат голем број англиски медиуми. Најмногу се зборува за можното враќање на Трент Александар-Арнолд (28). …

Continue Reading

По децении запуштеност, ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп

По децении запуштеност, спортската сала „Македонија“ во Прилеп конечно ќе добие целосна реконструкција. Проектот на Министерството за спорт, предвиден во рамките на Програмата за изградба, реконструкција и санација на спортски објекти за 2026 година, има за цел да обезбеди современи услови за спорт, тренинг и рекреација за младите, спортистите и сите љубители на спортот, соопштија од Министерството. Спортската сала се …

Continue Reading

Стратешките приоритети во енергетиката и рударството во фокусот на средбата на Божиновска со Азески

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба со претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, на која се разговараше за имплементацијата на Стратегијата за рударство, подготовката на новата Стратегија за енергетика и унапредувањето на законската регулатива во областите во надлежност на Министерството. Во фокусот на разговорите била Стратегијата за рударство и нејзината имплементација, …

Continue Reading

Кулушевски се врати по пауза од 526 дена

Дејан Кулушевски изјави дека се чувствува како „друг човек“ откако се врати во тимот на Тотенхем по долго отсуство поради повреда. Во понеделникот, шведскиот репрезентативец ги одигра своите први минути по 526 дена отсуство во победата против Ковентри (3:1). Крилниот напаѓач, кој вели дека станал „попаметен“ и „друг човек“, влезе во игра во 86-та минута. Тоа беше негов прв настап …

Continue Reading

Велика Британија испраќа борбени авиони на Блискиот Исток

Обединетото Кралство ќе испрати борбени авиони „Тајфун“ во Саудиска Арабија за да ги заштити своите градови и критична инфраструктура од напади со ракети и беспилотни летала од страна на бунтовниците Хути во Јемен, поддржани од Иран. Британското Министерство за одбрана денес објави дека авионите на Кралските воздухопловни сили (RAF) ќе спроведуваат одбранбени мисии во рамките на саудискиот воздушен простор, но …

Continue Reading

Самостојна изложба на Мартина Павлеска во Скопје

Самостојна изложба на Мартина Павлеска – ТОЧКА НА ВРИЕЊЕ, ќе биде отворена утре, 21 октомври, во 21 часит во Мобилна/Монтажна галерија, Скопје. „Циклусот ТОЧКА НА ВРИЕЊЕ ја истражува сложената испреплетеност помеѓу искуството, надворешните влијанија и внатрешните конфликти кои што го обликуваат поединецот. Детството е претставено преку упростена фигурација и зазема важен дел во формирањето на личноста. Меѓутоа не како идеализирана …

Continue Reading

Ученик нападнат во двор на училиште во Шуто Оризари, едниот напаѓач извадил пиштол

Ученик од средно училиште во Шуто Оризари бил нападнат на големиот одмор, а едниот од напаѓачите извадил пиштол. Според информациите на МВР,  вчера околу 16:00 часот во СВР Скопје, Р.С.(41) од Скопје пријави дека на голем одмор пред средно училиште на подрачје на Шуто Оризари, каде што учел, неговиот 16-годишен син бил физички нападнат од две лица, од кои едниот …

Continue Reading

Тешко повредено шестгодишно дете кое се возело на електричен тротинет по судар со автомобил

Во сообраќајна несреќа во Скопје тешко е повредено шестгодишно дете кое се возело на електричен тротинет. Според информациите на МВР, вчера во 18:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Лек Дукаѓини“ и ул.„Клинска Леса“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Б.(22) од Скопје и електричен тротинет …

Continue Reading

САД ја блокираа испорака на ракети „Патриот“ во Украина; градовите останаа без заштита

Белата куќа ја блокираше испораката на противвоздушни ракети „Патриот“ за Украина, потврдија американски претставници, а пренесува британскиот весник „Телеграф“ (The Telegraph). За трансферот на овие пресретнувачки ракети од сојузничките земји кои сакаат да му помогнат на Киев, потребно е официјално одобрение од новиот американски секретар за одбрана, Пит Хегсет. Како производител на системот, Соединетите Држави задржуваат целосна контрола врз ова …

Continue Reading