Самостојна изложба на Мартина Павлеска во Скопје


ff68385b-344b-40f8-a080-c2d9907d48bd.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Самостојна изложба на Мартина Павлеска – ТОЧКА НА ВРИЕЊЕ, ќе биде отворена утре, 21 октомври, во 21 часит во Мобилна/Монтажна галерија, Скопје.


„Циклусот ТОЧКА НА ВРИЕЊЕ ја истражува сложената испреплетеност помеѓу искуството, надворешните влијанија и внатрешните конфликти кои што го обликуваат поединецот.

Детството е претставено преку упростена фигурација и зазема важен дел во формирањето на личноста. Меѓутоа не како идеализирана претстава за безгрижност, туку како корен на психолошкиот и емоционалниот процес кој што дејствува и во „зрелоста“.

Сликите и цитатите го обликуваат односот кон себеси и кон светот. Сеќавањата и емоциите го наметнуваат своето писуство, проткаени во оваа серија на дела.

Желбата да се биде прифатен се судира со потребата да се зачува сопствената индивидуалност, откривајќи ја кревката граница помеѓу автентичното Јас и односот кон Другоста.

Во оваа смисла, несигурноста не се третира како недостаток што бара разрешување, всушност како простор за самоспознавање и критичко преиспитување на сопствените уверувања и вредности.

Циклусот ТОЧКА НА ВРИЕЊЕ го преиспитува идентитетот како флуиднена форма и врска помеѓу сеќавањето, сегашноста и стремежот кон индивидуалната слобода“, се вели во најавата.

Мартина Павлевска (2004), студент на Факултетот за ликовни уметности на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје на катедрата по ликовна педагогија. Учествува на повеќе групни изложби во земјата и регионот и е добитник на повеќе награди. Исто така има оддржано повеќе работилници и курсеви за визуелна уметност на настани како Креативен и инклузивен проект со ученици од училиштето Партение Зоографски во Чифте амам – Национална галерија – Скопје, како и учесник во проектот „Споменици на иднината“ во КСП Центар Јадро. Од особено значење е нејзиното активно учество (асистенција) во реализирање на делото „ПИЕТА – Во прекривките на ургентноста“ на уметникот Велимир Жерновски и курирано од Тихомир Топузовски (Македонија) и Аманда Боткез (Канада), кое ја претставуваше Р.С.Македонија на престижното биенале за уметност 2026 во Венеција.

Изложбата е финасиски поддржана од Мининистерство за култура и туризам на РСМ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK