Ливерпул сака да го врати Трент и да го донесе Скот за 100 милиони евра


depositphotos_836942396_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ливерпул подготвува значајни промени во тимот по заминувањата на Мохамед Салах и Ендру Робертсон. Бидејќи договорите на Вирџил ван Дајк и Алисон Бекер истекуваат следното лето, раководството на клубот разгледува нови трансфери, а дел од реконструкцијата би можел да започне уште во јануарскиот преоден рок, пишуваат голем број англиски медиуми.


Најмногу се зборува за можното враќање на Трент Александар-Арнолд (28). Англискиот интернационалец не е задоволен од третманот во Реал Мадрид под водство на Жозе Мурињо и би можел да се врати во својот матичен клуб уште оваа зима.

Ливерпул размислува за неговото враќање и затоа што Џереми Фримпонг, кој беше доведен како замена, не се адаптира добро. Александар-Арнолд добро го познава системот и средината, а неговиот квалитет би бил важен за тренерот Андони Ираола.

Друго име што се споменува е 23-годишниот Алекс Скот, играч од средниот ред на Борнмут. Ливерпул го следи долго време, се шпекулира дека неговиот трансфер би можел да се реализира и оваа зима, но Ливерпул веројатно би морал да плати повеќе од 100 милиони евра.

Доминик Собослај и Рајан Гравенберх треба да останат клучни играчи во средниот ред на Ливерпул. Скот би презел повеќе организациски задачи и што би му овозможило на Собослај поголема слобода во нападот. Унгарскиот играч од средниот ред се споменува и како можен нов капитен доколку Ван Дајк го напушти клубот.

Foto/ Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK