Рубио за тајната посета на шефот на ЦИА на Москва: Беше главно рутинска

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека неодамнешната тајна посета на директорот на ЦИА, Џон Ретклиф, на Москва била главно од рутинска природа и имала цел воспоставување и развивање канали за комуникација меѓу американските и руските разузнавачки служби. Во интервју за „Фокс њуз“, Рубио објасни дека ваквите врски се особено важни во периоди на зголемени тензии, бидејќи директната комуникација може …

Continue Reading

Трамп: Треба ли Ормускиот Теснец да го наречеме Трампов Теснец?

Американскиот претседател Доналд Трамп предложи Ормускиот Теснец, една од клучните точки во актуелната војна против Иран што ја започнаа САД и Израел, да биде преименуван по него. Предлогот го објави на својата социјална мрежа „Трут соушал“, помалку од една недела откако, во екот на трговскиот спор со Канада, потпиша извршна наредба со која езерото Онтарио го преименува во езеро Америка. …

Continue Reading

Русија повика германски дипломат на разговор: Постапките на Берлин ќе наидат на силен одговор

Руското Министерство за надворешни работи во средата повика на разговор германски дипломат за да ги отфрли „целосно измислените“ обвинувања на Германија дека Русија стои зад обидот за напад со дрон врз аеродромот Лајпциг минатиот месец. Германија соопшти дека заклучила оти Русија е одговорна за обидот за напад и нареди како одговор да бидат преземени низа мерки, меѓу кои затворање на …

Continue Reading

Утре сончево и топло, попладне невреме со пороен дожд, силен ветер и град, најавуваат метеоролозите

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со силен ветер, пороен дожд, грмежи и појава на град. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 …

Continue Reading

Шестмина повредени при демонтирање на сцената по концерт на Ед Ширан

Шестмина членови на техничката екипа на Ед Ширан биле пренесени во болница по несреќа за време на демонтирањето на сцената по неговиот концерт во Детроит. Врз работниците паднал дел од тешката сценска опрема, пишува „Пипл“. Несреќата се случила во саботата, на 29 август, на стадионот „Форд филд“. Според извештаите, опремата ги удрила работниците во близина на рампата во тунелот за …

Continue Reading

Четири хороскопски знаци ги чека тежок финансиски септември

Септември носи сериозни финансиски предизвици за четири хороскопски знаци – Овен, Бик, Стрелец и Риби. Според астролошките прогнози, најголемите ризици ќе бидат поврзани со непланирани трошоци, долгови, нестабилни приходи и прекумерно трошење. За Овните, главен проблем може да биде импулсивноста. На почетокот на месецот можни се неочекувани трошоци поврзани со домот, семејството, поправки или преселба. Се советува да избегнуваат избрзани …

Continue Reading

Меџити: Меморандум со Универзитетот „Мајка Тереза“, соработка за здравјето и развојот на децата

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, потпиша меморандум за соработка меѓу Општина Чаир и Универзитетот „Мајка Тереза“, со цел обединување на професионалната експертиза и институционалните капацитети во функција на здравјето и правилниот развој на децата. Во рамки на платформата „Чаир во ритамот на здравјето“, во основните училишта во општината ќе се организираат предавања и стручни активности за учениците, со фокус …

Continue Reading

Ердоган остро ја предупреди Грција: Престанете да ги вооружувате островите

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја предупреди Грција да се откаже од, како што оцени, погрешниот пат и да престане да ги вооружува островите со демилитаризиран статус. Ердоган ова го изјави одговарајќи на новинарски прашања за време на повратниот лет од Бишкек, каде што присуствуваше на самитот на Шангајската организација за соработка, одржан во Киргистан. „Грција мора да се откаже …

Continue Reading

Непал го обновува системот за предупредување, последниот пат доцнеше 41 минута

Една недела откако поплавите предизвикани од уривање на глечер убија повеќе од илјада луѓе, Непал планира да го обнови системот за рано предупредување за лизгање на земјиштето по должината на дел од границата со Кина. Два извори од непалската влада потврдија дека ќе бидат инсталирани сеизмички сензори, камери и сателитска врска, пишува „Ројтерс“. Опремата се инсталира во Тимуре, граничен град …

Continue Reading