Непал го обновува системот за предупредување, последниот пат доцнеше 41 минута
Една недела откако поплавите предизвикани од уривање на глечер убија повеќе од илјада луѓе, Непал планира да го обнови системот за рано предупредување за лизгање на земјиштето по должината на дел од границата со Кина. Два извори од непалската влада потврдија дека ќе бидат инсталирани сеизмички сензори, камери и сателитска врска, пишува „Ројтерс“. Опремата се инсталира во Тимуре, граничен град …
Continue Reading
Сè станува напнато во Германија: Вчера експлозија во електраната, денес нова саботажа
Еден ден по експлозијата во трафостаницата до термоцентралата на истокот од Германија, саботажа беше извршена и денес во трафостаницата на западот од земјата во близина на Келн. Политичарите веруваат дека станува збор за напад со терористичка позадина. „Врз основа на досегашните наоди, претпоставуваме дека станува збор за напад зад кој стојат или сторители од странство или од екстремно левичарската сцена“, …
Continue Reading
Французите спречиле Мбапе да биде киднапиран
Француската полиција го истражува случајот на 18-годишниот Клемен Л., кој на 21 август 2026 година во Нантер беше обвинет за организирање разбојничка група. Младиот човек е осомничен дека е еден од водачите на серија напади врз куќи и планирани киднапирања. Според истрагата, од 11 април до 19 август, групата подготвувала или извршувала напади на различни локации во околината на Париз …
Continue Reading
(Видео) Во септември, светска и македонска премиера на филмот „Нема да ви се верува што се случи претходно“
По светската премиера во официјалната конкуренција на Меѓународниот филмски фестивал во Олденбург, македонскиот долгометражен филм „Нема да ви се верува што се случи претходно“, дебитантско остварување на режисерот Срѓан Јаниќијевиќ, ќе ја има својата македонска премиера на затворањето на 47. Интернационален фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ во Битола, што ќе се одржи од 19 до 25 септември. „Филмот на …
Continue Reading
Калас: Нападот со руски беспилотни летала во Лајпциг е тероризам
Високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, изјави дека обидот за руски напад со беспилотни летала врз аеродромот Лајпциг/Хале на почетокот на август ги има сите карактеристики на државен тероризам. „Нападите во Лајпциг ги имаат сите карактеристики на тероризам спонзориран од државата“, рече Калас во Виклоу, Ирска, каде што се одржува неформален состанок на министрите за надворешни работи …
Continue Reading
Руте: Русија станува сè понепромислена
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес изјави дека Русија станува сè понепромислена и предупреди на зголемување на бројот на беспилотни летала и ракети што влегуваат во воздушниот простор на алијансата. На заедничката прес-конференција со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во Брисел, Руте, исто така, ја истакна зголемената фреквенција на злонамерни активности насочени против територијата на НАТО. …
Continue Reading
Путин: Германија направи голема грешка
Претседателот на Русија, Владимир Путин, ја опиша одлуката на Германија да ја припише одговорноста за нападот со беспилотни летала во Лајпциг на Русија како „сериозна грешка“. Путин ги доведе во прашање доказите врз кои се темели обвинението и тврди дека Берлин сакал да го одвлече вниманието од сопствените внатрешни проблеми. Поранешниот руски претседател, Дмитриј Медведев, остро ја нападна германската влада …
Continue Reading
Утре јавна презентација на Нацрт ДУП-от за Барутана
Општина Центар ги известува граѓаните дека утре, 3 септември, со почеток во 12:00 часот, во просториите на Општина Центар, барака 6, ќе се одржи јавна презентација на Нацрт – Деталниот урбанистички план за Градска четврт Ј 05 – Барутана. На јавната презентација граѓаните ќе имаат можност непосредно да се запознаат со предложените плански решенија и да добијат повеќе информации за …
Continue Reading
Собранието ја именува Арљинда Хасани Синани за вицегувернерка на Народната банка
На предлог на гувернерот на Народната банка,Трајко Славески, Собранието ја именуваше Арљинда Хасани Синани за вицегувернерка на Народната банка, со мандат од седум години. Хасани Синани е дипломирана економистка со 22-годишно професионално искуство во банкарскиот сектор, стекнато на стручни и раководни позиции во областа на кредитирањето, управувањето со ризиците и деловното банкарство. Во текот на својата кариера има извршувано повеќе …
Continue Reading