(Видео) Трамп: Киев ќе паднеше за еден ден, да не беше еден многу глупав руски генерал


tramp-depositphotos_378268150_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно изнесе бизарна теорија за тоа зошто руската војска не успеа да го заземе Киев за само еден ден, на почетокот на инвазијата во февруари 2022 година. Според неговата верзија на настаните, неуспехот на рускиот „блицкриг“ не се должи на украинските бранители, туку на еден „глупав руски генерал“ и на калта, која, како што тврди тој, настанала поради рекордни врнежи од дожд.


Обраќајќи им се на новинарите, Трамп изјави дека ноќта пред нападот паднал „најобилниот дожд во последните десет години“ и дека руските тенкови, без никакви проблеми, требало да можат да стигнат до центарот на Киев преку автопатот за само неколку часа.

Пред камерите, Трамп детално ја изложи својата верзија за операцијата – верзија за која не понуди апсолутно никакви докази.

„Еден глупав руски генерал. Многу глупав човек. Да имаа 1.000 тенкови што ќе се движеа по бетонски автопат, ќе стигнеа во Киев за четири часа, возејќи со максимална брзина – која изнесува точно 48 милји на час (околу 77 км/ч). Ништо немаше да може да ги запре. Војната ќе завршеше за еден ден“, тврди Трамп.

Тој го обвини еден неименуван командант за пропаѓањето на офанзивата. „И тој многу глупав генерал – немам поим кој е; се сомневам дека е сè уште меѓу нас, се сомневам дури и дека е жив – одлучи да сврти десно кон земјоделско земјиште, па лево, и да се упати кон Киев. Наместо да остане на автопатот – бетонски автопат, сосема добар автопат по кој напредуваа одлично… Ќе стигнеше за три и пол до четири часа и целата војна ќе завршеше. Наместо тоа, заглави во калта. Беше како жив песок“, изјави американскиот претседател.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK