Двајца Романци се претставиле дека се продавачи и влегле во домот на жена во Чаир, па ја ограбиле
Полицијата уапси двајца романски државјани кои измамиле скопјанка и ѝ одзеле пари и златен накит од нејзиниот дом. Вчера околу 19:30 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Ј.Г.(35) и еден малолетник, двајцата од Романија, постапувајќи по претходна пријава дека измамиле 83-годишна скопјанка. Според пријавеното, Ј.Г. дошол во домот на оштетената …
Continue Reading
Челзи нема скапо да го чини отпуштањето на Розениор
Фудбалскиот клуб Челзи успеа да избегне плаќање на дури 24 милиони фунти отштета по отпуштањето на тренерот Лиам Розениор, благодарение на паметно вметната „брејк“ клаузула во неговиот договор. Розениор беше отпуштен во среда по катастрофалната серија од пет последователни порази во Премиер лигата без постигнат гол. Тешкиот пораз против Брајтон (3:0) беше последната капка што ја прелеа чашата, оставајќи го …
Continue Reading
Улогата на здравствениот систем клучна во раната детекција и обезбедувањето соодветна поддршка за жртвите на семејно насилство, вели Алиу
Министерот за здравство, Азир Алиу денеска се обрати на надзорна расправа на Комисијата за еднакви можности во Собранието, каде истакна дека улогата на здравствениот систем е клучна, како во раната детекција, така и во обезбедувањето соодветна поддршка за жртвите на семејно насилство. – Министерството за здравство воспоставува системски пристап, со јасно дефинирани мерки и активности. Во тек е подготовка на …
Continue Reading
Иран го услови продолжувањето на преговорите со САД
Иран дополнително ја заостри својата позиција во преговорите со Соединетите Американски Држави, условувајќи го продолжувањето на контактите со укинувањето на американската поморска блокада на неговите пристаништа, објави „Волстрит џурнал“, додека други меѓународни извори укажуваат дека токму оваа блокада стана една од главните пречки за обновување на дијалогот меѓу двете страни. Според весникот, кој се повикува на пакистански медијатори, иранскиот преговарачки …
Continue Reading
Иран ја изврши првата наплата за премин низ Ормускиот теснец
Иран ги собра првите приходи од таксите воведени за бродовите што минуваат низ Ормускиот теснец, еден од најважните светски патишта за снабдување со нафта, изјави денес заменик-претседателот на парламентот, Хамидреза Хаџи Бабаеи. „Првите приходи од транзитните такси во Ормускиот теснец се уплатени на сметката на централната банка“, рече тој во изјавата што ја пренесе полуофицијалната новинска агенција „Тасним“. Пратеникот Алиреза …
Continue Reading
Малолетничка уценувана дека доколку не ја продолжи врската ќе бидат објавени експлицитни фотографии од неа
На 21.04.2026 во 19:40 часот во СВР Скопје 48-годишно лице од Скопје пријавило дека неговата малолетна ќерка била уценувана од малолетник, со кого претходно била во врска. Таа била уценувана дека доколку не ја продолжи врската, ќе објави експлицитни фотографии од неа. Полицијата информира дека бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Continue Reading
Обљуба врз 18-годишна скопјанка: била во поодмината бременост
Утрово околу 00:15 часот во СВР Скопје 18-годишна скопјанка пријавила дека на 22.04.2026 на подрачјето на Шуто Оризари нејзиниот поранешен вонбрачен партнер М.К.(18) извршил обљуба врз неа. Според пријавеното, таа била во поодмината бременост. Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Continue Reading
Течниот нафтен гас – плин намален за 5 денари по литар, носиме мерки што даваат директен ефект врз цените, вели Митева
Од полноќ, Макпетрол ја намали малопродажната цена на течен нафтен гас односно плин за 5 денари по литар, од 59 на 54 денари. Истовремено, во трговијата на големо е евидентирано намалување од 10 денари по килограм, што во пресметка значи приближно 5 денари по литар, истакна денеска владината портпаролка Марија Митева. Она што е особено значајно, како што рече, е …
Continue Reading
Најнова премиера во Битолскиот театар „Секстет“ во режија на Марјан Георгиевски
По повод најновата премиера, трета по ред дел од годишната програма за 2026 година, со наслов „Секстет“ од Марк Камолети, во режија на Марјан Георгиевски, се одржа прес-конференција во Битолскиот театар. Премиерата ќе се изведе на 25 април и е потполно распродадена, а првата изведба веднаш после тоа е на 27 април, со почеток од 20 часот. Режисерот Марјан Георгиевски …
Continue Reading