Малолетници украле автомобил од автоплац во Дебар, на бравата имало клуч


lenta-policiska.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Малолетници украле автомобил од автоплац во Дебар, а според информациите од полицијата, на бравата имало клуч.


Полицијата, до Основното јавно обвинителство Кичево, поднесе посебен извештај против тројца малолетни деца од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“.

Според информациите на СВР Охрид, на 19 октомври, од автоплац на улица „Јусуф Грвала“ во Дебар, тие одзеле патничко моторно возило „форд фиеста“ со дебарски регистарски ознаки, сопственост на А.Г.(37) од Дебар, кое било оставено незаклучено со клуч на брава.

По преземени мерки, малолетниците со нивни родители и претставници на Центарот за социјални работи Дебар се повикани во ОВР Дебар каде се извршени службени разговори.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK