Пијани деца во локал во Карпош, осум лица приведени, еден заврши на Токсикологија
Осум лица биле приведени во Полициската станица Карпош по контрола во угостителски објект во оваа скопска општина, каде што биле затекнати малолетници во видно алкохолизирана состојба. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, контролата била извршена вчера (1 ноември), по претходно добиени сознанија дека во објектот се точи алкохол на малолетни лица. При контролата, полициските службеници од СВР Скопје …
Continue Reading
Маркез победи во Малезија
Возачот на Дукати, Марк Маркез, триумфираше на Големата награда на Малезија, 19-та трка од сезоната на шампионатот Мото ГП, и направи голем чекор кон одбрана на титулата. Маркез со леснотија стигна до доминантна победа во Сепанг, негова седма во сезоната, три секунди пред победникот во спринтот во саботата, Педро Акоста од КТМ Рејсинг. На третото скалило на подиумот се искачи …
Continue Reading
Излезноста во Брвеница до 9 часот е 3,98 отсто: Гласале 646 граѓани
Излезноста во вториот круг од предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница до 9 часот изнесува 3,98 отсто. Правото на глас дотогаш го оствариле 646 граѓани, информираше портпаролката на Државната изборна комисија (ДИК), Радица Тодоровска-Алексовска. Според податоците пристигнати во ДИК, излезноста е поголема за 1,52 процентни поени во споредба со првиот круг, одржан на 18 октомври. Тогаш до 9 часот …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ: СДС остави зад себе пропаднати банки и штедилници, банкарскиот систем сега е стабилен
Од СДС следат пропаднати банки и штедилници и загрозување на банкарскиот систем во Македонија, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, во кое партијата обвинува дека за време на владеењето на СДС пропаднале повеќе финансиски институции. Како последен пример ја посочуваат Еуростандард банка, која пропадна во август 2020 година, а како една од главните причини за нејзиното пропаѓање било наведено давањето …
Continue Reading
Смеа до солзи со Бојан Велевски и Боби Додевски, распродаденото шоу добива нов термин
Стендап-комедијата на Бојан Велевски и Боби Додевски ги полни салите низ Македонија и руши рекорди. Добриот хумор, смеата и одличното расположение се гарантирани, а овој стендап покажа дека Македонците можат да соработуваат кога станува збор за нешто што на сите им е потребно – добро расположение. Уникатниот спој го направија маестралните Бојан Велевски и Боби Додевски, кои со својата комичарска …
Continue Reading
320 илјади луѓе на протести во Франција, судири со полицијата во повеќе градови
Во неколку француски градови денеска дојде до судири меѓу демонстрантите и полицијата, откако низ земјата 320 илјади луѓе излегоа на протести против високите животни трошоци и влошените услови во училиштата. По претежно мирниот почеток на протестите, полицијата во доцните попладневни часови употреби солзавец во Париз и Лион. Во Париз се слушале експлозии од пиротехнички средства, а на телевизиските снимки се …
Continue Reading
САД ја предупредиле Москва за можен терористички напад
Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) соопшти дека од Соединетите Американски Држави добила информации за подготовки за можен терористички напад во Москва, по што презела соодветни мерки, објави ТАСС, пренесувајќи ја информацијата од БТА. „Од американската страна, преку партнерски канали, добиени се информации за подготовки за терористички чин во Москва. Во моментов се преземаат соодветни мерки“, се наведува во соопштението …
Continue Reading
Граѓаните чуваат 7,5 милијарди евра во банките, но колкумина навистина имаат заштеда?
На банкарските сметки на македонските граѓани се наоѓаат 7,51 милијарда евра, а депозитите продолжуваат да растат и покрај инфлацијата и високите животни трошоци. Сепак, оваа сума не открива колкав дел од парите е распределен меѓу населението, а колкав е концентриран кај граѓаните со највисоки приходи. Податоците на Народната банка, објавени по повод Светскиот ден на штедењето – 31 октомври, покажуваат …
Continue Reading
Облачно и дождливо време, во вторник се очекуваат пообилни врнежи
Времето денеска ќе биде претежно облачно, со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни и ќе надминат 25 литри на квадратен метар. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се движи од 7 до 11 степени, а максималната ќе достигне од 11 до 15 степени. Во Скопје ќе преовладува претежно облачно време со …
Continue Reading