Словенецот Примож Глиха е нов селектор на фудбалската репрезентација на Косово

Фудбалската федерација на Косово (ФФК) одлучи денеска да го именува Словенецот Примож Глиха за нов селектор на косовската репрезентација, јави дописникот на МИА од Приштина. Одлуката е донесена на денешната седница на Извршниот комитет (ИК) на ФФК, на која за помошници на Глиха, кој треба да го води Косово во натамошните квалификации за Европско првенство што 2024 година ќе се …

Continue Reading

Косовските Срби бараат Белград да ја прогласи косовската полиција за терористичка организација (ДПЛ)

Најголемата партија на косовските Срби, Српска листа (СЛ) побара денеска од Владата на Србија да ги прогласи специјалните единици на Полицијата на Косово, разузнувачките служби и сите „соработници на тие структури“ за „терористички организации, затоа што се закана за мирот“ на косовскиот север, кој е населен со мнозинско српско население, јави дописникот на МИА од Приштина. Во писмото упатено до …

Continue Reading

Курти: Не ја јакнеме војската за да нападнеме некого, туку за да го браниме Косово

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека Косово не ја јакне својата војска со цел да нападне некого, туку за да се брани себеси, јави дописникот на МИА од Приштина. На денешната церемонија по повод дипломирањето на новата класа кадети на Центарот за универзитетски студии на Безбедносните сили на Косово (ФСК), Курти напомена дека во изминатите две години во ФСК се …

Continue Reading

Стејт Департмент: Одлуката на косовската влада да прогласи терористички организации е неусогласена со САД

Одлуката на Владата на Косово да ги прогласи организациите „Цивилна заштита“ и „Северна бригада“ за терористички не е донесена во координација со САД и другите меѓународни партнери, се наведува во одговорот на Стејт департментот до Глас на Америка. „Требаше да се координираат со најблиските меѓународни партнери, вклучувајќи ги и оние чија примарна одговорност е да се обезбеди стабилност на Косово. …

Continue Reading

Лидерите на ЕУ повикуваат на итна деескалација на Косово

Лидерите на земјите членки на ЕУ денеска во Брисел ги усвоија заклучоците од дводневниот самит на кој, меѓу другото, ги осудуваат насилните инциденти на северот на Косово, повикуваат на итна деескалација, во спротивно предупредуваат на негативни последици. Во своите заклучоци, шефовите на држави или влади на земјите-членки на ЕУ повикуваат на итна деескалација на северот на Косово, врз основа на …

Continue Reading

Курти претстави чекори за деескалација на ситуацијата во северниот дел од Косово

Косовскиот премиер Албин Курти, во видео објавено непосредно пред почетокот на самитот на ЕУ, претстави четири чекори за деескалација на ситуацијата во деверниот дел од државата. Во видео порака на англиски јазик, Курти нагласува дека тие „четири чекори“ ги претставил на последната средба во Брисел. Тој тврди дека Приштина е подготвена да придонесе за деескалација и да се заложи за …

Continue Reading

МВР на Косово: Премините Јариње, Мердаре и Брњак, слободни за сообраќај

Министерството за внатрешни работи  на Косово денеска соопшти дека премините Јариње, Мердаре и Брњак се слободни за сообраќај. „Патиштата сега се слободни за сообраќај, а за излез и влез на територијата на Косово се потребни три до пет минути“, соопштија од Националниот центар за гранично управување на МВР на Косово. На веб-страницата на Центарот нема информации за состојбата со камионите …

Continue Reading

Курти тврди дека косовските полицајци се киднапирани и оти Србија извршила агресија

Косовскиот премиер Албин Курти денеска изјави дека тројцата уапсени косовски полицајци се „киднапирани“ и дека на 14 јуни, како што тврди тој, Србија извршила „агресија“. Тој на прес-конференција заедно со министерката за надворешни работи Доника Гервала изјави дека Јетиш Јашари од Канцеларијата за врски на Косово во Србија ги посетил тројца полицајци, кои се во притвор во централна Србија. – …

Continue Reading

ПССЕ ја именуваше Дора Бакојани за известител за Косово во Советот на Европа

Комисијата за политички прашања и демократија во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) ја именуваше грчката политичарка Дора Бакојани за известител за Косово во Советот на Европа. Именувањето на Бакојани го потврди шефот на пратеничката група на Демократскиот сојуз на Косово во Собранието, Арбен Гаши, кој е член на делегацијата на пратениците од Приштина во Советот на Европа, а …

Continue Reading