Иван Јуриќ ќе ја предводи Аталанта

Аталанта потврди дека го ангажирала 49-годишниот хрватски тренер Иван Јуриќ. Хрватскиот стручњак потпиша двегодишен договор со „Ла Деа“, до 30 јуни 2027 година. Искусниот 49-годишен тренер од Сплит во текот на целата своја кариера тренираше италијански клубови (Монтова, Кротоне, Џенова, Верона, Торино и Рома), сè додека не го презеде Саутемптон минатата сезона. Сепак, тој не успеа да го задржи овој …

Continue Reading

ИЈЗ издаде препораки за заштита од високите температури

Институт за јавно здравје повикува на почитување на мерките на заштита и претпазливост за време на високи амбиентни температури. „Кога амбиентниот воздух се приближува или ја надминува нормалната телесна температура од отприлика 36,7°С способноста на човековото тело да се лади слабее. Дополнително, кога релативната влажност на амбиенталниот воздух е висока, потта е уште потешко да испари и ладењето на телото …

Continue Reading

Покрената е истрага против УЕФА

Шпанската Национална комисија за пазари и конкуренција (CNMC) соопшти дека отворила истрага против УЕФА поради сомневања дека се обидела да ја ограничи конкуренцијата во европските фудбалски натпреварувања со спротивставување на проектот Суперлига. „CNMC ја истражува УЕФА во врска со можното нарушување на конкуренцијата во организацијата на европските фудбалски натпреварувања“, се вели во соопштението на државниот орган. Постапката е покрената по …

Continue Reading

(Видео) „Харков моментално го доживува најсилниот напад од почетокот на војната“ – најмалку тројца загинати, 22 повредени

Русија го нападна источниот украински град Харков со беспилотни летала, ракети и бомби, при што загинаа најмалку три лица, а 22 беа повредени. Градоначалникот на Харков, Ихор Терехов, вели дека се нападнати повеќекатници и приватни станбени згради, образовни и инфраструктурни објекти. „Харков моментално го доживува најсилниот напад од почетокот на војната“, изјави тој. Mentre per l’arancione Russia e Ucraina sono …

Continue Reading

„Можевме да ја победиме Белгија“

Фото/ ffm.mk Македонија одигра 1:1 против Белгија, во Скопје, во квалификациите за пласман на Светското првенство. До бод, избраниците на Благоја Милевски дојдоа со спектакуларниот гол на Алиоски во 87.минута. Македонија одлично и се спротивстави на Белгија. На фаворитот му го препушти поседот, кој имаше и повеќе корнери и удари кон голот, но Македонија имаше повеќе зрели шанси. Впечатокот е …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Две милијарди евра инвестиции во железничкиот сообраќај, брза пруга Табановце-Гевгелија

Се надзираат контурите за почеток на најголемиот инфраструктурен проект во регионот. Формирање на координативното тело во вторник и започнување на постапка за обезбедување на финансиски средства за реализација на проектот брза пруга, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Проектот брза пруга Табановце-Гевгелија ќе чини од 1,7 до 2 милијарди евра и ќе биде најголем поединечен проект во Македонија. Новата брза пруга ќе биде …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Kланот Заеви и Филипче преку шема на фирми препродавале јаглен на ЕСМ трипати поскапо и профитирале

Во време на ковид пандемија и енергетска криза Заев и Филипче се богателе врз грбот на граѓаните кои плаќаа драстично повисоки сметки за струја, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Венко Филипче трет ден молчи за испумпувањето на десетици милиони евра од ЕСМ од страна на Вице Заев и фирми кои водат лично до него. Вице Заев, Зоран Заев и Венко Филипче се …

Continue Reading

ЕУ се согласи да го зголеми времето на доцнење на летовите пред патниците да добијат надомест

ЕУ земјите се согласија да го зголемат времето на доцнење на авионските летови што е потребно за патниците да имаат право на надомест на штета, пишува Гардијан. Според новите планови, патниците на кратки летови ќе треба да бидат задржани најмалку четири часа за да можат да побараат надомест. За долги летови, доцнењето ќе треба да биде најмалку шест часа. Според …

Continue Reading

(Видео) По 30 часа, заврши ерупцијата на вулканот Фуего во Гватемала

Вулканот Фуего, оддалечен околу 35 километри од главниот град на Гватемала, престана да еруптира по повеќе од 30 часа, објави Институтот за сеизмологија на Гватемала. Во соопштението се наведува дека „активноста на вулканот Фуего значително се намалила“ и дека „ерупцијата може да се прогласи за завршена“, пренесува Анса. За време на ерупцијата, која започна во среда навечер, чад и пепел …

Continue Reading