Штипјанка нашла рачна бомба додека го чистела станот на починатиот татко
Жителка на Штип при чистење на станот на својот починат татко вчера попладне пронашла рачна бомба и веднаш пријавила во полиција. На терен излегол пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување, кој безбедно ја отстранил бомбата. За инцидентот бил известен и јавен обвинител.
Continue Reading
Прекрасна вечер на Бах со германскиот виолончелист Даниел Милер-Шот на „Охридско лето“
Еден од најбараните виолончелисти на денешницата, Даниел Милер-Шот од Германија, вчеравечер беше дел од концертната програма на фестивалот „Охридско лето“ изведувајќи дела од композиторот Јохан Себастијан Бах. Тој е присутен на сите големи концертни подиуми и веќе неколку децении ја одушевува публиката како голем амбасадор на современата музика преку неговите идеи за обединување на музиката, литературата и визуелната уметност. -Настапот …
Continue Reading
СДСМ: Предлог-резолуцијата со Бугарија е штетна – ВМРО-ДПМНЕ отвора затворени прашања
Потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова, оцени дека предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за заедничка резолуција со Бугарија за македонскиот јазик и идентитет е штетен и претставува нов удар врз македонските национални позиции. „Станува збор за свесно враќање наназад. Клучното прашање е зошто се отвораат теми кои се веќе затворени, кога македонскиот јазик и идентитет се неспорни, потврдени и признаени во светот и …
Continue Reading
Алиу во Тетово: 155 луѓе од Клиничката болница ќе добијат договори на неопределено време
Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска во Тетово оствари средба со 155 лица – медицински персонал и со раководството на Клиничка болница Тетово, при што инфирмираше дека конечно се става крај на долгогодишната неправда, и ќе ги добијат договорите. – Една институција за да биде компатибилна и да нуди услуги кои се квалитетни има три неопходни столба, едниот е инфраструктурен, …
Continue Reading
УЈП: Уште три дена за поднесување на ДДВ-04 пријавите
Управата за јавни приходи ги повикува сите даночни обврзници да ги достават потребните документи до своите сметководители и навреме да ги поднесат ДДВ-04 пријавите за тековниот даночен период. Крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите е 25-ти јули 2025 година (петок). Досега, од очекуваните 41.171 ДДВ-04 пријави, поднесени се вкупно 16.015, што е близу 40% од вкупниот број на даночни …
Continue Reading
Шпанија во последната секунда избори пенал серија, па се пласира во финалето на СП
Шпанија, потешко од очекуваното, стана првиот финалист на Светското првенство во Сингапур. Во полуфиналето, актуелниот европски шампион ја победи Грција со 11:9 (3:2, 3:1, 0:1, 1:3, 4:2). „Црвената Фурија“, обезбеди пласман во финалето на Светското првенство за прв пат од 2022 година, кога ја освои титулата. Исто така со оваа победа Шпанија обезбеди медал, петти пат по ред на светските …
Continue Reading
„Сиљан“ на Тамара Котевска со премиера во Венеција
По историскиот успех на „Медена земја“ – со три награди на Sundance и две номинации за Оскар – и интернационалниот успех на документарецот „The Walk“, македонската режисерка Тамара Котевска се враќа на голема врата. Нејзиниот нов филм „Сиљан“ The Tale of Silyan ја доби честа да ја има својата светска премиера на престижниот филмски фестивал во Венеција 2025, во официјалната …
Continue Reading
Владата на одмор меѓу 5 и 15 август, кажа премиерот Мицкоски
Министрите од Владата ќе бидат на одмор во периодот од 5 до 15 август. Премиерот Христијан Мицкоски, денес одговарајќи на новинарски прашања по потпишувањето на меморандумот за разбирање со турската компанија „Казанџи холдинг АС“ кажа дека Владата ќе биде на одмор во тој период, а по годишните одмори официјално ќе го соопшти начинот на кој владината коалиција ќе настапи на …
Continue Reading
Кремљ за мировните преговори со Украина: Не очекувајте чуда
Кремљ соопшти дека нема причина да се очекуваат чуда од предложената трета рунда директни руско-украински мировни преговори и одби да даде каква било временска рамка за потенцијален договор за прекин на војната. Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, во саботата изјави дека Киев испратил понуда до Москва да одржи уште една рунда мировни преговори во Турција оваа недела и дека сака да ги …
Continue Reading