Активни се седум пожари во државата

Благодарение на ангажманот на сите екипи на терен, во изминатите часови дел од пожарите се ставени под контрола или целосно изгаснати. Сепак, неколку локации и понатаму се соочуваат со активни жаришта, информира Центарот за управување со кризи. До 13:00 часот, регистрирани се вкупно 15 пожари, од кои: седум се активни, четири се под контрола и четири се изгаснати. АКТИВНИ ПОЖАРИ …

Continue Reading

Трамп повторно ги повлекува САД од УНЕСКО

Соединетите Американски Држави ќе се повлечат од културната и образовна агенција на Обединетите нации – УНЕСКО, додека актуелниот претседател Доналд Трамп продолжува со повлекување на земјата од други меѓународни институции кои долго време ги критикувал, изјавиле двајца европски дипломати. Белата куќа веднаш не одговорила на барањето за коментар на Ројтерс за овој потег. Ова претставува удар за агенцијата со седиште …

Continue Reading

Гори куќа во Кочани

Куќа се запали во центарот на Кочани. Како што јавува „Радио Кочани“, противпожарните екипи се на лице место. Засега не се знае што го предизвикало пожарот, а повеќе информации се очекуваат во текот на денот. Фото: принтскрин

Continue Reading

Куршум се одбил од подот и погодил момче во Кичевско – пукање на прослава заврши со повреда

Двајца мажи од кичевското село Трапчин Дол се лишени од слобода откако 16-годишно момче било повредено од куршуми испукани при семејна веселба. Како што информира МВР, на 22 јули околу 2:30 часот по полноќ, полициски службеници од ОВР Кичево ги привеле Ф.Ф. (36) и Ч.Ф. (52). За време на славје во дворот од семејната куќа, Ф.Ф. пукал неколку куршуми од …

Continue Reading

Приведен татко кој питачел со ќерка му во Дебар

Полицијата од ОВР Дебар поднесе кривична пријава против 30-годишниот С.Р. од Скопје, поради запуштање и малтретирање дете. Инцидентот се случил на 10 јули околу 20:40 часот, кога при контрола на улицата „Елена Ѓика“ во Дебар, полицајците го затекнале пријавениот како питачи со неговата петгодишна ќерка. По настанот, биле повикани претставници од Центарот за социјални работи во Дебар и адвокат за …

Continue Reading

13 обвинети признаа вина за случајот со измами со инвалидските пензии и туѓа нега – пресудена затворска казна

По спроведена истражна постапка започната кон крајот на април годинава, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинителен предлог против 36 лица. Според доказите, обвинетите се организирале во две криминални групи кои во текот на 2023 година и до април 2024 година посредувале и незаконски овозможувале добивање права на туѓа нега и инвалидска пензија, во замена …

Continue Reading

Девојка со автомобил удри во велосипедист, паркирано возило и објект во Тетово, повредена е

Едно лице е тешко повредено, а едно со полесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила вчера околу 17:10 часот на локалниот пат Тетово – село Требош. Според информациите од МВР, возило „фолксваген поло“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 22-годишна девојка од село Ратае, излетало од патот по што удрило во велосипедист од село Требош, потоа и во паркирано …

Continue Reading

Двајца мотоциклисти тешко повредени во сообраќајки во Велес и Охрид

Двајца мотоциклисти се здобиле со тешки телесни повреди во одделни сообраќајни несреќи кои се случиле во понеделникот во Велес и Охрид. Првата несреќа се случила околу 17:25 часот во Велес, на крстосницата меѓу улиците „Методија Андонов Ченто“ и „Борис Трајковски“, кога патничко возило „мерцедес“, управувано од 60-годишен возач од Велес, удрило во мопед „томос“ со кој управувал 80-годишен мотоциклист, исто …

Continue Reading

Штипјанка нашла рачна бомба додека го чистела станот на починатиот татко

Жителка на Штип при чистење на станот на својот починат татко вчера попладне пронашла рачна бомба и веднаш пријавила во полиција. На терен излегол пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување, кој безбедно ја отстранил бомбата. За инцидентот бил известен и јавен обвинител.

Continue Reading