(Видео) Калајџиќ во 96-та минута ја однесе Австрија во нокаут фазата
Последниот меч од групната фаза на Светското првенство ја режираше и најголемата драма. Алжир и Австрија одиграа 3.3 со што Иран доживеа елиминација од Мундијалот. Иранците секунди ги делеа од пласман во нокаут фазата. Алжир постигна гол за 3:2 преку Марез во 90+3 минута и се чинеше дека ѝ се одмаздува на Австрија за 1982 година и срамот од Хихон, …
Continue Reading
Шкотска во половина час доживеа елиминација од СП и остана без селектор
Стив Кларк поднесе оставка од функцијата селектор на Шкотска. Само еден месец откако потпиша нов четиригодишен договор, тој донесе одлука да се пензионира веднаш откако Шкотска и математички беше елиминирана од Мундијалот. Во конкуренција на Бразил, Мароко и Хаити, Шкотите забележаа една победа и два порази. Кларк ја напушта клупата како најуспешен менаџер на Шкотска во модерната историја. За време …
Continue Reading
Модриќ рекордер на Мундијалите
Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ официјално стана најстариот асистент на Светските првенствао, од 1966 година, кога се следи оваа статистика. Во 83-та минута, во победата над Гана (2:1), со која Хрватите обезбедија место во нокаут фазата, Модриќ изведе корнер по кој Никола Влашиќ го постигна победничкиот гол со глава. На 40-годишна возраст стана најстариот играч во историјата на Светските првенства што …
Continue Reading
Салах се повреди пред нокаут фазата
Египетската репрезентација се соочи со нов проблем пред почетокот на нокаут фазата на Светското првенство, бидејќи капитенот Мохамед Салах се повреди на натпреварот против Иран (1:1) во последното коло од групната фаза. Најдобриот фудбалер на Египет мораше да го напушти теренот во 57-та минута поради проблем со тетивата, а дополнителните лекарски прегледи потврдија дека станува збор за истегнување. Како што …
Continue Reading
(Видео) Меси урна уште еден рекорд
Лионел Меси продолжува да ги поместува границите на светскиот фудбал. Капитенот на Аргентина испиша нова страница во историјата бидејќи стана првиот играч кој постигнал гол во седум последователни натпревари на Светските првенства. Тој стигна до историското достигнување во натпреварот од последното коло од групната фаза против Јордан, кога во 80-тата минута мајсторски ја затресе мрежата од слободен удар и ги …
Continue Reading
Ова се двојките од 1/16 финалето на Светското првенство
На 23-то Светско првенство во САД, Канада и Мексико заврши фазата по групи. Од 48 екипи, 32 од нив обезбедија пласман во првата нокаут рунда, која ќе трае од 29 јуни до 4 јули. Национални репрезентации како Уругвај, Турција, Шкотска, Јужна Кореја и Чешка го завршија турнирот предвреме, а нивното елиминирање е најголемото изненадување од првиот дел од турнирот. Нокаут …
Continue Reading
11-годишно дете преживеа три дена под урнатините од земјотресот во Венецуела
Единаесетгодишно дете е извлечено живо од урнатините на Карабаледа, на северот од Венецуела, три дена по смртоносните земјотреси што го погодија регионот, објави привремената претседателка на земјата, Делси Родригез. – Пред неколку минути, 11-годишно дете беше спасено во Карабаледа. Во овој момент, секој живот е извор на надеж за Венецуела, напиша Родригез на Икс, приложувајќи кон својата порака видео од спасувањето …
Continue Reading
Трамп: Американски авиони нападнаа складишта за ракети во Киев
САД извршија нови воздушни напади врз иранските складишта за ракети и беспилотни летала, како и врз радарските станици лоцирани по должината на брегот на Иран, како одговор на уште едно кршење на договорот за прекин на огнот меѓу Вашингтон и Техеран. Ова синоќа на социјалната мрежа „Трут Соушл“ го објави американскиот претседател Доналд Трамп, откако вчера танкер за нафта беше …
Continue Reading
Североисточна Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,1 степен
Земјотрес со јачина од 6,1 степен рано изутринава ја погоди североисточна Јапонија. Не е издадено предупредување за цунами, соопшти Јапонската метеоролошка агенција. Епицентарот на земјотресот бил во Тихиот Океан во близина на префектурата Ивате на длабочина од околу 40 километри, соопшти агенцијата. Пред неколку дена земјотрес со јачина од 7,2 степени ја погоди префектурата Ивате при што се повредени најмалку …
Continue Reading