Модриќ рекордер на Мундијалите


screenshot-2026-06-28-095705.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ официјално стана најстариот асистент на Светските првенствао, од 1966 година, кога се следи оваа статистика.


Во 83-та минута, во победата над Гана (2:1), со која Хрватите обезбедија место во нокаут фазата, Модриќ изведе корнер по кој Никола Влашиќ го постигна победничкиот гол со глава.

На 40-годишна возраст стана најстариот играч во историјата на Светските првенства што забележал асистенција.

На самиот крај од натпреварот, капитенот на Хрватска успеа да го спречи израмнувањето на Гана со пожртвувана реакција во сопствениот шеснаесетник, со што го зачува второто место на својата репрезентација во Групата Л.

Хрватскиот селектор Златко Далиќ не ги штедеше комплиментите за играта на Лука Модриќ откако тој беше еден од клучните играчи на натпреварот, асистираше за победничкиот гол и уште еднаш покажа зошто со години е лидер на хрватската репрезентација.

„Лука беше навистина фантастичен. Постигна асистенција и двапати спречи сигурен гол. Тоа зборува за неговиот карактер и енергија. Никогаш не се откажува“, рече Далиќ по натпреварот.

Хрватска се квалификуваше во нокаут фазата на Светското првенство трет пат по ред, откако играше финалето во Русија во 2018 година и полуфиналето четири години подоцна во Катар.

Во осминафиналето, Хрватска ја очекува дуел со Португалија во Торонто.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK