Последниот меч од групната фаза на Светското првенство ја режираше и најголемата драма. Алжир и Австрија одиграа 3.3 со што Иран доживеа елиминација од Мундијалот.
Иранците секунди ги делеа од пласман во нокаут фазата. Алжир постигна гол за 3:2 преку Марез во 90+3 минута и се чинеше дека ѝ се одмаздува на Австрија за 1982 година и срамот од Хихон, но во 90+6 минута. Саша Калајџиќ спречи елиминација на Австрија. Двете репрезентации се пласираа во нокаут фазата, а Иран беше елиминиран.
Пред натпреварот беше јасно дека на двете селекции им е доволен еден бод за место во нокаут фазата. Се чинеше дека мечот ќе заврши 2:2, кога во последните 20 минути падна темпото во играта.
Но во 93-та минута Марез ги шокираше Австријците, голот требаше да биде слатка одмазда за сè што се случи во Шпанија во 1982 година, кога Западна Германија и Австрија одиграа 2:2 за да ги елиминираат Алжирците.
Потоа Рагник го внесе Саша Калајџиќ, а високиот централен напаѓач ја затресе мрежата во последен момент за 3:3. Австрија прв пат по 1954 година избори место во нокаут рундата.
Австрија ќе игра против Шпанија во 1/16 финалето, а Алжир ќе игра против Швајцарија.
Foto/ EPA