ОАЕ: Излегуваме како победници од војната
Советникот на претседателот на Обединетите Арапски Емирати изјави дека неговата земја излегла како победник од војната откако беше прогласено примирјето меѓу САД и Иран. „Победивме преку епска национална одбрана што го заштити суверенитетот и достоинството и ги зачува нашите достигнувања наспроти подмолната агресија“, рече Анвар Гаргаш. „Денес, продолжуваме напред и се движиме низ сложена регионална средина со поголемо влијание, поостар …
Continue Reading
Калас: Ормускиот теснец мора повторно да се отвори за премин
Европската Унија го поздрави договорот меѓу САД и Иран за двонеделен прекин на огнот, постигнат по неколкудневни закани од американскиот претседател Доналд Трамп за нови напади и откако Техеран и Израел потврдија дека се согласиле на привремен прекин на огнот. Шефицата за европската дипломатија, Каја Калас, рече дека тоа е „чекор назад од работ по неколку недели ескалација“. The U.S.–Iran …
Continue Reading
Акциска контрола на Мобилната единица на МВР: Пет лица, од кои еден малолетник, се лишени од слобода
Во текот на вчерашниот ден, во периодот од 11:00 до 17:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи на подрачјето на општините Куманово, Илинден, Бутел и Кисела Вода, спроведе засилена акциска контрола во патниот сообраќај, со посебен акцент на контрола на учесници во сообраќајот кои управуваат мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли, извести МВР. …
Continue Reading
Макрон: Примирјето меѓу САД и Иран мора да се прошири и на Либан
Францускиот претседател, Емануел Макрон, изјави дека двонеделното примирје меѓу Соединетите Американски Држави и Иран треба да се прошири и на ситуацијата во Либан. „Состојбата во Либан е критична“, изјави Макрон, оценувајќи дека израелските напади и присуството во јужниот дел на земјата не се вистинско решение. Израел изврши повеќе напади врз Либан по акциите на Хезболах, а според либанските власти, во …
Continue Reading
МОН за прв пат обезбедува учебник по „Јазик и култура на Ромите“ за 6-то одделение
Министерство за образование и наука направи значаен исчекор во унапредување на образованието на ромската заедница, обезбедувајќи за прв пат учебник по изборниот предмет „Јазик и култура на Ромите“ за 6-то одделение, известуваат од МОН. Оваа новина доаѓа по спроведената постапка согласно објавеното известување на МОН, како и по измените во Законот за учебници во основното и средното образование („Службен весник …
Continue Reading
Инстант лоз „Мега милионер“ на Државна лотарија: милион причини и само еден инстант начин да станеш милионер!
Инстант лозот „Мега милионер“ на Државна лотарија ја нуди најголемата парична добивка од инстант лотаријата – 10.000.000 денари. Со оваа рекордна премија, „Мега милионер“ се издвојува како најатрактивниот инстант лоз во историјата на Државна лотарија. Првиот среќен добитник на оваа премија доаѓа од Битола. Добитниот лоз е купен во продажното место „Димпо“ – локација препознатлива по многу среќни добивки од …
Continue Reading
Пари на повидок: Четири хороскопски знаци ќе профитираат во април
Април 2026 година носи финансиско олеснување за четири хороскопски знаци, кои конечно ќе ги почувствуваат резултатите од својот труд. Овен добива нови извори на приходи и можност за покачување или дополнителна работа, со што ќе ги надмине старите долгови. Близнаци ќе најдат решение за финансиски или правен проблем преку важни контакти, особено во втората половина од месецот. Вага може да …
Continue Reading
Русија: Неиспровоцираниот напад претрпе тежок пораз
Русија соопшти дека пристапот „едностран, агресивен, неиспровоциран напад“ против Иран претрпе „тежок пораз“ откако американскиот претседател Доналд Трамп објави двонеделно примирје меѓу Вашингтон и Техеран, пренесе Анадолија. „Сите изјави за тоа дека треба да се биде поагресивен, поофанзивен, повеќе да се пишува на социјалните медиуми и дека ‘победата’ наводно е веднаш зад аголот, повторно претрпеа тежок пораз. Истото важи и …
Continue Reading
Претрес во струмичко, пронајдена дрога: поднесена кривична против 27-годишник
СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против 27-годишниот Д.С. од село Владевци, општина Василево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 06.04.2026 во село Владевци, при преземање на службени дејствија, полициски службеници од СВР Струмица забележале патничко возило „опел“ со …
Continue Reading