(Видео) Пентагон објави нови снимки од НЛО: Сведоците опишуваат црвени топки и необични светла

Американското Министерство за одбрана денеска го објави третиот пакет декласифицирани документи за неидентификувани аномални појави (UAP), официјалниот термин што американските власти го користат за појави на небото, во вселената или под вода кои не можат веднаш да се објаснат. Во последните години, терминот UAP го замени популарниот израз НЛО (неидентификуван летечки објект), кој често се поврзува со вонземјани. Документите од …

Continue Reading

На позната плажа на Сардинија забранети чадори за сонце

На една од најпознатите плажи на Сардинија, Пунта Молентис, воведена е забрана за користење чадори за сонце за поголемиот дел од посетителите, пренесува „Си-Ен-Ен“. Според новите правила, само семејства со деца помлади од 10 години и лица постари од 65 години имаат право да постават по еден чадор. За останатите посетители е забрането внесување чадори и друга опрема за создавање …

Continue Reading

Судoт во Минхен: „Гугл“ е одговорен за неточните одговори на вештачката интелигенција

Судoт во Минхен пресуди дека „Гугл“ може директно да одговара за неточните информации што ги генерира неговата функција „AI Overview“. Спорот го покренаа две издавачки куќи, откако алатката по грешка ги поврзала со сомнителни деловни практики и измами. Судот оцени дека AI-резимеата не се обични резултати од пребарување, туку претставуваат нова содржина создадена од самиот Гугл. Судиите заклучија дека вештачката …

Continue Reading

Средба на Сиљановска-Давкова со Здружението на воени ветерани и воени инвалиди „Братство 2001“

Во Народната канцеларија во Скопје, денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со претставници на Здружението на воени ветерани и воени инвалиди „Братство 2001“. На средбата присуствуваа Владо Томески, претседател на здружението, Петар Јанчевски, Мики Ристовски и Сашко Голубовски. Според нив, Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и на членовите на нивните семејства, од 2002 …

Continue Reading

Четири хороскопски знаци родени за спортски успеси

Иако спортскиот успех зависи од талентот, работата и посветеноста, астролозите сметаат дека четири хороскопски знаци почесто поседуваат особини што ги водат кон врвни резултати. Овен – се издвојува со натпреварувачки дух, храброст и силна желба за победа. Поразите ретко го обесхрабруваат, туку го мотивираат да работи уште повеќе. Лав – сака успех, признание и лидерска улога. Самодовербата му помага добро …

Continue Reading

Мета: Повторно работат „Фејсбук“ и „Инстаграм“

Од компанијата „Мета“ соопштија дека е отстранет техничкиот проблем поради кој денес накратко беа недостапни социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм. Дел од корисниците пријавија дека апликациите не им се вчитуваат, додека други имаа проблеми со освежување на почетната страница и објавување содржини. Од „Мета“ потврдија дека дефектот е решен и дека двете платформи повторно функционираат нормално.

Continue Reading

Софија Вергара во дилема кого да поведе на Светското првенство

Колумбиско-американската актерка, Софија Вергара, вели дека најголем проблем пред Светското првенство е како да одлучи кого од своето бројно семејство да поведе на натпреварите, бидејќи има ограничен број билети. „Се водеше вистинска мала битка околу тоа кој заслужува да оди на Светското првенство, но беше забавно“, изјави Вергара. Таа потврди дека ќе присуствува во Лос Анџелес и на финалето во …

Continue Reading
Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја

Директна авиолинија Анкара-Скопје и карго железничко поврзување договорени помеѓу Николоски и министрите Болат и Уралоглу

Успешните средби на заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски со турскиот министер за трговија Омер Болат и министерот за транспорт Абдулкадир Уралоглу, резултураа со договори за воспоставување на директна авиолинија Анкара -Скопје и карго железничко поврзување меѓу двете земји, објави на својот фејсбук профил, заменик претседателот на Владата, Николоски. Министерот за трговија на Турција на социјалната …

Continue Reading
Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја

Утре сончево време со мала локална облачност, температура до 28 степени

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната значително ќе опадне во однос на денешната и ќе дбиде во интервал од 22 до 28 степени. Во Скопје, променливо облачно и …

Continue Reading