Фудбалерот, обвинет за силување, може да заборави на Светското првенство

Репрезентацијата на Гана се соочи со сериозен проблем, пред почетокот на Светското првенство, бидејќи на играчот од средниот ред Томас Парти не му беше дозволено да влезе во Канада поради судска постапка што се води против него во Велика Британија. Поранешниот фудбалер на Арсенал во јули 2025 година подби пет обвиненија за силување и едно обвинение за сексуален напад. Парти …

Continue Reading

Премиерот на Пакистан: Постигнат конечниот текст на мировниот договор меѓу САД и Иран

Премиерот на Пакистан, Шехбаз Шариф, денеска објави дека е постигнат „конечен, усогласен текст на мировен договор“ меѓу САД и Иран. „Среде интензивните посреднички напори на Пакистан, целосно сме свесни за континуираната кампања на дезинформации што ја водат оние кои сакаат да го саботираат мировниот договор. Но, оставајќи го тоа настрана, можеме да потврдиме дека е постигнат конечен, усогласен текст на …

Continue Reading

Родители на деца со канцер повикаа на финансиска поддршка од државата на средбата со Сиљановска-Давкова

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Народната канцеларија во Скопје се сретна со претставници на граѓанското здружение „САНО“, коешто ги обединува родителите и децата кои го победиле, или сè уште се борат со канцерот. Тие ја информираа за минатата и тековна работа на здружението, како и за проблемите и предизвиците со коишто се соочени. Мајките на излекуваните деца се навратија на …

Continue Reading

(Видео) Пентагон објави нови снимки од НЛО: Сведоците опишуваат црвени топки и необични светла

Американското Министерство за одбрана денеска го објави третиот пакет декласифицирани документи за неидентификувани аномални појави (UAP), официјалниот термин што американските власти го користат за појави на небото, во вселената или под вода кои не можат веднаш да се објаснат. Во последните години, терминот UAP го замени популарниот израз НЛО (неидентификуван летечки објект), кој често се поврзува со вонземјани. Документите од …

Continue Reading

На позната плажа на Сардинија забранети чадори за сонце

На една од најпознатите плажи на Сардинија, Пунта Молентис, воведена е забрана за користење чадори за сонце за поголемиот дел од посетителите, пренесува „Си-Ен-Ен“. Според новите правила, само семејства со деца помлади од 10 години и лица постари од 65 години имаат право да постават по еден чадор. За останатите посетители е забрането внесување чадори и друга опрема за создавање …

Continue Reading

Судoт во Минхен: „Гугл“ е одговорен за неточните одговори на вештачката интелигенција

Судoт во Минхен пресуди дека „Гугл“ може директно да одговара за неточните информации што ги генерира неговата функција „AI Overview“. Спорот го покренаа две издавачки куќи, откако алатката по грешка ги поврзала со сомнителни деловни практики и измами. Судот оцени дека AI-резимеата не се обични резултати од пребарување, туку претставуваат нова содржина создадена од самиот Гугл. Судиите заклучија дека вештачката …

Continue Reading

Средба на Сиљановска-Давкова со Здружението на воени ветерани и воени инвалиди „Братство 2001“

Во Народната канцеларија во Скопје, денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со претставници на Здружението на воени ветерани и воени инвалиди „Братство 2001“. На средбата присуствуваа Владо Томески, претседател на здружението, Петар Јанчевски, Мики Ристовски и Сашко Голубовски. Според нив, Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и на членовите на нивните семејства, од 2002 …

Continue Reading

Четири хороскопски знаци родени за спортски успеси

Иако спортскиот успех зависи од талентот, работата и посветеноста, астролозите сметаат дека четири хороскопски знаци почесто поседуваат особини што ги водат кон врвни резултати. Овен – се издвојува со натпреварувачки дух, храброст и силна желба за победа. Поразите ретко го обесхрабруваат, туку го мотивираат да работи уште повеќе. Лав – сака успех, признание и лидерска улога. Самодовербата му помага добро …

Continue Reading

Мета: Повторно работат „Фејсбук“ и „Инстаграм“

Од компанијата „Мета“ соопштија дека е отстранет техничкиот проблем поради кој денес накратко беа недостапни социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм. Дел од корисниците пријавија дека апликациите не им се вчитуваат, додека други имаа проблеми со освежување на почетната страница и објавување содржини. Од „Мета“ потврдија дека дефектот е решен и дека двете платформи повторно функционираат нормално.

Continue Reading