(Видео) Жесток напад врз Киев, градот гори, има загинати и ранети

Во третиот голем руски напад врз Киев и околината оваа недела, најмалку 15 лица се убиени, а 51 се повредени. Ракети и беспилотни летала предизвикаа пожари во станбени згради, магацини и индустриски погони низ целиот главен град и регионот во текот на ноќта, објавува „Киев Пост“. Државната служба за вонредни состојби (ССВ) и градоначалникот Виталиј Кличко објавија податоци според кои …

Continue Reading

СДСМ: Владата склучила тендер од 100.000 евра за вода во Гостивар без јавен оглас, бизнис зделка на Мицкоски

Додека граѓаните на Гостивар со недели пиеја загадена вода и илјадници луѓе се соочуваа со здравствени последици, Владата на Мицкоски преку Службата за општи и заеднички работи склучила договор за набавка на вода за пиење во вредност од 100.000 евра. Договорот, поради кризата, е склучен со директно договарање, без јавен оглас, велат од СДСМ. Од партијата велат дека според достапните …

Continue Reading

Зеленски: Подготвени сме за мировни преговори во кој било формат

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека земјата е подготвена за мировни преговори во кој било формат и дека соработката со партнерите продолжува. Зеленски го изјави ова синоќа, во своето вечерно обраќање, пишува „Украинска правда“. Во своето обраќање, Зеленски детално зборуваше за контактите со претставниците на американскиот претседател Доналд Трамп. „Секојдневно сме во контакт со претставниците на претседателот Трамп, што …

Continue Reading

Трамп му се закани на Иран: Ако не се отвори Ормускиот теснец, земјата ќе претрпи тежок удар

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во интервју за „Фокс њуз“ изјави дека Ормускиот теснец ќе се отвори „многу наскоро“, во спротивно Иран ќе претрпи „тежок удар“. „Водиме многу добри разговори“, додаде американскиот претседател, зборувајќи од Калифорнија, тврдејќи дека Иран сака да постигне договор. „Имам време“, додаде републиканскиот лидер во врска со конфликтот што трае повеќе од пет месеци. Според „Аксиос“, …

Continue Reading

Сончево и многу топло време

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени, информира УХМР. Во Скопје, сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до …

Continue Reading

СЗО: Најголемата епидемија на ебола во историјата на Конго излегува од контрола

Светската здравствена организација (СЗО) повика на поголема меѓународна поддршка за справување со епидемијата на ебола во Демократска Република Конго, оценувајќи дека болеста се шири побрзо отколку што може да се стави под контрола, пренесува „Еуроњуз“. Од почетокот на епидемијата, прогласена на 15 мај, регистрирани се 3.802 потврдени случаи, од кои 1.707 завршиле со смртен исход. Закрепнале 727 пациенти, а под …

Continue Reading

Украина сака побрзо да влезе во ЕУ: Зеленски утврди три главни приоритети

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги утврди трите главни приоритети за забрзување на процесот на пристапување на Украина во Европската Унија, оценувајќи дека членството не е само политичко или економско прашање, туку и клучно безбедносно прашање, пренесува „Киев пост“. Новите насоки биле договорени на состанок со премиерот Серхиј Корецки, новиот вицепремиер задолжен за европски и евроатлантски интеграции Всеволод Ченцов и …

Continue Reading

Повеќе од 400 уапсени во Франција поради пожарите

Во Франција од почетокот на сезоната се регистрирани околу 14.000 пожари, а полицијата привела 402 лица поради сомнеж дека намерно подметнале пожар или предизвикале пожар од невнимание, соопшти министерот за внатрешни работи Лоран Нунез, пренесува „БФМТВ“. Според Нунез, меѓу приведените има 156 малолетници, додека за 36 лица е одреден истражен притвор. Во меѓувреме, пожарите во департманите Жиронд и Од се …

Continue Reading

„Ројтерс“: САД ги потрошиле речиси сите далекуметни прецизни ракети во војната со Иран

  Соединетите Американски Држави во петмесечната војна со Иран потрошиле поголем дел од залихите на високопрецизни далекуметни ракети ATACMS и PrSM, тврдат три извори за „Ројтерс“. Според изворите, значителното намалување на залихите предизвикува загриженост за подготвеноста на американската војска во случај на идни конфликти, вклучително и со Русија или Кина. Белата куќа не ги потврди овие тврдења, наведувајќи дека САД …

Continue Reading