„Ројтерс“: САД ги потрошиле речиси сите далекуметни прецизни ракети во војната со Иран


sad-iran-depositphotos_697354794_l
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 

Соединетите Американски Држави во петмесечната војна со Иран потрошиле поголем дел од залихите на високопрецизни далекуметни ракети ATACMS и PrSM, тврдат три извори за „Ројтерс“.


Според изворите, значителното намалување на залихите предизвикува загриженост за подготвеноста на американската војска во случај на идни конфликти, вклучително и со Русија или Кина.

Белата куќа не ги потврди овие тврдења, наведувајќи дека САД располагаат со повеќе оружје од која било друга земја во светот и дека арсеналот е доволен за сите потреби. Сличен став изнесе и Пентагон, оценувајќи дека американската војска и натаму располага со сите неопходни капацитети.

Еден од изворите за Ројтерс посочил дека, и покрај големата потрошувачка, дел од залихите веќе се надополнуваат со резерви од други делови на светот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK