„Можности без граници“ – Националната агенција го одбележа Меѓународниот ден на младите

Денес во Јуроп хаус, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност го одбележа Меѓународниот ден на младите со настанот насловен „Можности без граници“, посветен на младинското учество, европските можности и личните приказни на младите кои преку различни програми ги прошириле своите знаења, искуства и хоризонти. Настанот беше отворен со обраќања на директорката на Националната агенција, Ана Михајлов, министерот за …

Continue Reading

(Видео) Небесен спектакл над Европа: почна затемнувањето на Сонцето

Целосното затемнување на Сонцето денеска почна над Исланд, а сенката продолжува кон Пиринејскиот Полуостров. Патеката на целосното затемнување ги опфаќа Гренланд, Исланд и делови од Португалија и Шпанија, додека во останатиот дел од Европа феноменот ќе се гледа делумно. Во Македонија затемнувањето почна околу 19.30 часот.

Continue Reading

Украина тврди дека годинава ослободила 745 квадратни километри територија

Украинските сили годинава ослободиле 745 квадратни километри територија што била под руска окупација, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски. Според него, украинската војска повторно ставила под контрола 26 населени места во Дњепропетровската, Доњецката и Запорошката област, долж околу 60 километри од фронтот. „Нашата офанзивна операција беше изведена прецизно – точно според планот“, напиша Зеленски на „Икс“. Украинските сили во последните месеци …

Continue Reading

НАТО: Русија е целосно одговорна за упадите во воздушниот простор на Полска и Романија

Членките на НАТО денеска одржаа состанок посветен на недамнешните упади во воздушниот простор на Полска и Романија, при што заклучија дека Русија сноси целосна одговорност за инцидентите. Во последните недели неколку дронови влегле во романскиот воздушен простор, додека на 29 јули во Полска падна вооружено беспилотно летало, за кое се претпоставува дека е руско. „Овој инцидент е уште еден непромислен …

Continue Reading

Кои хороскопски знаци најлесно стигнуваат до богатство?

Според астролошките толкувања, некои хороскопски знаци имаат карактеристики кои би можеле да им помогнат полесно да постигнат финансиски успех. Иако астрологијата не е егзактна наука, анализите најчесто ги издвојуваат Јарецот, Бикот, Девицата и Лавот. Јарец – се опишува како дисциплиниран и амбициозен стратег. Јарците наводно не бараат брзи добивки, туку постепено и трпеливо го градат својот успех. Сепак, една анализа …

Continue Reading

Шпанија: Цеута и Мелиља не се само шпански, туку супершпански

Шпанските власти порачаа дека статусот на северноафриканските енклави Цеута и Мелиља како шпански територии не е предмет на расправа, откако мароканскиот министер за правда Абделатиф Уахби изјави дека Мароко полага право на суверенитет над нив. Мароко смета дека двете енклави се под шпанска окупација и дека нивниот суверенитет на крајот треба да му припадне на Рабат. „Цеута и Мелиља не …

Continue Reading

Во Салцбург украдени 210 позлатени статуетки на Моцарт

Изложбата на германскиот уметник Отмар Херл со 320 позлатени статуетки на Моцарт во Салцбург е предвреме затворена, откако од паркот Мирабел биле украдени 210 фигурини. Статуетките високи 50 сантиметри биле поставени во градот по повод 270-годишнината од раѓањето на Моцарт. Херл смета дека не станува збор за кражба од туристи, туку за организирана кражба. „Најлошото нешто што може да му …

Continue Reading

(Видео) Траект со 153 лица се преврте во Зимбабве, најмалку 44 загинати

Најмалку 44 лица загинаа откако преполн траект се преврте на езерото Кариба во Зимбабве, соопшти полицијата. Пловилото било регистрирано за 90 лица, но според продадените билети на него имало 114 патници и пет членови на екипажот. Еден член на екипажот, сепак, за националната телевизија изјавил дека во моментот на несреќата на траектот имало вкупно 153 лица, меѓу кои и непознат …

Continue Reading

Утре температури до 37 степени, наместа пороен дожд и грмежи

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, јавува УХМР. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град. Температурата ќе опадне за неколку степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, кој наместа повремено ќе засилува. Минималната …

Continue Reading