Барселона го мерка Луис Суарез како алтернатива за Хулијан Алварез

Барселона подготвува алтернативни решенија во нападот, откако трансферот на Хулијан Алварез од Атлетико Мадрид станува сè потежок за реализација. Според наводите, тренерот на Барселона, Ханси Флик, не го сака Жорж Микаутадзе како опција за нападот, бидејќи смета дека обесштетувањето од 60 милиони евра е превисоко. Германскиот стратег наводно бара подостапен напаѓач кој би прифатил улога во ротацијата, а една од …

Continue Reading

(Видео) Момчето од „Бејби шарк“ денес има 17 години и започнува музичка кариера

Се чувствувате старо? Момчето од спотот за „Бејби шарк“ денес има 17 години и се обидува да изгради музичка кариера. Парк Геон-рунг имал само шест години кога во 2016 година се појавил во спотот за „Бејби шарк денс“. Видеото во меѓувреме надминало 17 милијарди прегледи на „Јутуб“ и станало најгледаното видео на платформата. Десет години подоцна, Геон-рунг се враќа на …

Continue Reading

Отворен првиот Центар за дневен престој за лица со попреченост над 14 години во Скопје

Во Скопје денеска беше отворен Центарот за дневен престој за лица со попреченост над 14 години, со цел да обезбеди сигурна, инклузивна и поддржувачка средина за корисниците и нивните семејства. Центарот, кој е отворен во просториите на Младинскиот културен центар (МКЦ), беше посетен и отворен во присуство на министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски и градоначалникот на …

Continue Reading

Москва го обвинува Вашингтон за вмешаност во нападите длабоко на руска територија

Русија смета дека САД се длабоко вклучени во украинските напади врз руска територија и дека американската поддршка вклучува и разузнавачки информации, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. „До Стејт департментот упативме низа прашања, вклучително и за разузнавачките информации и фактот дека САД се многу вклучени во подготовката и изведувањето на напади врз цивилни цели длабоко на руската територија. …

Continue Reading

Бегале од огнот во морето: спасени 200 лица, меѓу нив и деца во страшниот пожар во Хрватска

Речиси 200 лица, меѓу кои и деца, биле спасени од морето во текот на ноќта меѓу четвртокот и петокот, додека големиот пожар беснеел на подрачјето на Омиш и Макарска. Според хрватското Министерство за море, сообраќај и инфраструктура, голем број луѓе, во страв од огнот, се засолниле во морето и на пловила. Акцијата за спасување започнала во 23:40 часот. Во спасувањето …

Continue Reading

(Видео) 40 повредени во големиот пожар кај Омиш, седум се на респиратор

Вкупно 40 лица повредени во големиот пожар што го зафати Омиш и околината биле згрижени во КБЦ Сплит во текот на ноќта и денеска, соопштија лекарите на прес-конференција. Од нив, 14 се хоспитализирани, а меѓу повредените има лица со тешки изгореници и повреди настанати поради вдишување чад. Седум пациенти се на респиратор, од кои шест возрасни и едно 17-годишно лице, …

Continue Reading

Манасиевски по кривичната пријава: СДСМ не ги демантира информациите што ги објавив, туку се занимава со тоа од каде ги добив

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, реагира на кривичната пријава што СДСМ денеска ја поднесе против него и против полициски службеници од СВР Струмица, поврзана со објавувањето податоци за лицата вклучени во инцидентот во Ново Село. Манасиевски вели дека во реакцијата на СДСМ има една многу важна работа, а тоа е што партијата не ги демантира информациите што тој ги објавил. …

Continue Reading

(Видео) Скопје е подготвено за европската танцова елита: објавено промо-видеото за IDO European Championship 2026

„Skopje is calling!“ – со елеганцијата на балетот, ритамот на македонската традиција и препознатливите пејзажи на главниот град, објавено е промотивното видео за IDO European Championship 2026 во класичен балет, џез, модерен и современ танц. Од 21 до 29 септември 2026 година, Скопје ќе биде домаќин на едно од најпрестижните танцови случувања во Европа. Повеќе од 3.000 врвни танчери од …

Continue Reading

САД ги предупредија граѓаните на зголемена претпазливост при патување во Германија

Американскиот Стејт департмент го задржа второто ниво на безбедносно предупредување за патување во Германија, со совет до американските граѓани да бидат „особено внимателни“. Главната причина за предупредувањето е зголемената опасност од тероризам. Во препораката се наведува дека терористички групи и поединци претставуваат постојана закана во Германија и Европа, а нападите може да се случат без најава или со многу кратко …

Continue Reading