Се чувствувате старо? Момчето од спотот за „Бејби шарк“ денес има 17 години и се обидува да изгради музичка кариера.
Парк Геон-рунг имал само шест години кога во 2016 година се појавил во спотот за „Бејби шарк денс“. Видеото во меѓувреме надминало 17 милијарди прегледи на „Јутуб“ и станало најгледаното видео на платформата.
Десет години подоцна, Геон-рунг се враќа на сцената под името „Бејби шарк бој“. Во соработка со „Д пинкфонг компани“, која стои зад „Бејби шарк“, тој на 20 август во Јужна Кореја ќе го објави првиот сингл „Вејв“, додека американската премиера е најавена за ден претходно.
На песната соработува со Џухони од К-поп групата „Монста Икс“. Геон-рунг вели дека сака да покаже страна од себе која не е поврзана само со настапот од детството.
„Пред десет години танцував на ‘Бејби Шарк’, а сега сакам да ги споделам приказните што самиот ги напишав и да го претставам својот глас“, изјавил тој.
View this post on Instagram
Од „Д Пингфонг компани“ засега не откриваат дали „Бејби шарк бој“ ќе биде долгорочен проект. Одлуката ќе зависи од реакциите на публиката по објавувањето на првиот сингл.
Момчето во меѓувреме пораснало во тинејџер со повеќе од 161.000 следбеници на „Инстаграм„, а најавата за неговата нова песна ги потсети фановите на периодот кога „Бејби шарк“ беше буквално насекаде.