Италија покренува истрага за „воени туристи“ кои пукале во цивили во Сараево
Обвинителството во Милано покрена истрага за италијански државјани кои наводно платиле огромни суми пари на српските паравоени сили за да пукаат во цивили за забава за време на опсадата на Сараево од 1993 до 1995 година. Таканаречените „викенд снајперисти“ учествувале во брутален „лов на луѓе“ во градот во кој биле убиени 11.000 граѓани, објавија италијанските дневни весници „Ил Џорно“ и …
Continue Reading
Сиљановска-Давкова прими делегација на Меѓупарламентарната група за пријателство од шведскиот парламент – Риксдаг
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими делегација на Меѓупарламентарната група за пријателство од шведскиот парламент – Риксдаг, предводена од Лота Џонсон Форнавре, во придружба на амбасадорот на Кралството Шведска, Oла Солстром. Сиљановска-Давкова изрази задоволство од извонредната соработка со шведските пратеници, заснована на взаемна доверба и почит, нагласувајќи дека таквото партнерство претставува основа за натамошно зајакнување на вкупните билатерални односи меѓу двете држави. …
Continue Reading
Оваа мала ракета ќе ја брани Европа од беспилотни летала
Низ Европа и САД, одбранбените компании се зафатени со производство на мали, евтини ракети. Тие се обидуваат да се справат со предизвикот што го поставува војната во Украина: како да се спречат стотици беспилотни летала без да банкротираат, пишува The Telegraph. На 9 септември, НАТО беше принуден да испрати авиони Ф-16 за да собори околу дваесетина беспилотни летала што ја …
Continue Reading
Благајничка во „Комуналец“ Кавадарци украла над 500.000 денари, парите за платени сметки си ги ставала в џеб
Полицијата поднесе кривична пријава против вработена во Јавно претпријатие за комунални работи Кавадарци за „проневера во службата” и „затајување”. Полицијата, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против В.Д.(48) од Кавадарци поради постоење на основано сомнение дека сторила кривични дела „проневера во службата” и „затајување”. Според информациите од МВР,рријавената В.Д., вработена како благајник во Јавно претпријатие за комунални работи …
Continue Reading
Полицаец од Скопје крадел бакарни кабли од плац на поранешна фабрика
Полицаец доби 30-дневен притвор за кражба на бакарни кабли – јавни инсталации кои содржат бакар од објекти на Акционерско друштво од Скопје, сместени во кругот на поранешна фабрика од Скопје. Според информациите на МВР, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Н.А., вработен во Полициската станица од општа надлежност Аеродром …
Continue Reading
Сиљановска-Давкова: Заклетвата на младите питомци не е само збир на патриотски зборови, туку и израз на решеност и истрајност
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на свечената заклетва на питомците од 29. класа и слушателите на Курсот за офицери и штабни службеници на Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“. Таа истакна дека со денешниот чин младите питомци стануваат чувари и гаранти на македонската слобода, сигурност и безбедност. За неа, заклетвата е не само збир на патриотски зборови, туку и израз на …
Continue Reading
Рускиот извоз намален, пратките во Азија и Европа се најмногу намалени
Рускиот извоз се намали во периодот од јануари до септември, објави царинската управа. Вредноста на рускиот извоз изнесуваше 302,8 милијарди долари, што е намалување за 4,6 проценти во однос на истиот период минатата година, според податоците што ги цитираше агенцијата ТАСС. Рускиот увоз, од друга страна, достигна 201,1 милијарди долари, што е намалување за околу еден процент. Ова го намали …
Continue Reading
Трамп му постави ултиматум на Би-Би-Си: Исправете го извештајот или ќе се соочите со тужба од милијарда долари
Претседателот на САД, Доналд Трамп, му се закани на Би-Би-Си со тужба од милијарда долари и ѝ даде рок на британската јавна радиодифузија до петок да ги исполни неговите барања. Како што наведоа адвокатите на Трамп во писмо до кое дојде американската NBC News, причината за тужбата е наводното злонамерно уредување на негов говор во документарец на Би-Би-Си. Трамп му …
Continue Reading
Николовски: Мега-скандалот со ИПАРД се потврди, ќе поднесе ли сега конечно Трипуновски оставка?
Пратеникот од СДСМ и поранешен министер за земјоделство, Љупчо Николовски, укажува на сериозноста на состојбата со ИПАРД програмата, по официјалната потврда дека е донесена одлука за суспендирање на сите исплати од ИПАРД 3 програмата, истакнувајќи дека Владата со денови ја држела јавноста во незнаење. „Се потврдува она што го говорам неколку дена – дека е донесена одлука за суспендирање на …
Continue Reading