Трамп му постави ултиматум на Би-Би-Си: Исправете го извештајот или ќе се соочите со тужба од милијарда долари
Претседателот на САД, Доналд Трамп, му се закани на Би-Би-Си со тужба од милијарда долари и ѝ даде рок на британската јавна радиодифузија до петок да ги исполни неговите барања. Како што наведоа адвокатите на Трамп во писмо до кое дојде американската NBC News, причината за тужбата е наводното злонамерно уредување на негов говор во документарец на Би-Би-Си. Трамп му …
Continue Reading
Николовски: Мега-скандалот со ИПАРД се потврди, ќе поднесе ли сега конечно Трипуновски оставка?
Пратеникот од СДСМ и поранешен министер за земјоделство, Љупчо Николовски, укажува на сериозноста на состојбата со ИПАРД програмата, по официјалната потврда дека е донесена одлука за суспендирање на сите исплати од ИПАРД 3 програмата, истакнувајќи дека Владата со денови ја држела јавноста во незнаење. „Се потврдува она што го говорам неколку дена – дека е донесена одлука за суспендирање на …
Continue Reading
Почина таткото на Марија Шерифовиќ, пејачката објави емотивна порака
Пејачката Марија Шерифовиќ објави на Инстаграм дека починал нејзиниот татко Рајко Шерифовиќ. Таа се збогува со него со емотивна посвета и објави негова фотографија. Емотивна објава на Инстаграм „Мојот татко. Мојата омилена бараба. Знам дека Господ ги сака таквите луѓе и дека те чека некоја рајска градина. Чувај нè таму каде што си сега 🙏🏼 Твој шампион 💔💔💔💔💔“, напиша Марија …
Continue Reading
Две нови награди за „Неми Филмови“ на Господиновски во Русија и Тајван
Анимираниот филм „Неми Филмови“ на Крсте Господиновски, минатата недела освои две нови награди на меѓународни фестивали, наградата за „Најдобар интернационален краток филм“ на „Меѓународниот фестивал за краток филм Вижн“ во Кемерово, Русија и „Почесно признание“ на „Меѓународниот фестивал за анимиран филм КУАНДУ“ кој се одржува во Тајпеј, Тајван. Ова е втора по ред награда во Русија и втора награда во …
Continue Reading
Трамп со остра порака до контролорите на летање: Веднаш вратете се на работа, ќе има казни
Американските сенатори постигнаа привремен договор за прекин на буџетската парализа што блокира некои јавни услуги рекордни 40 дена, објавија неколку медиуми. Но, ситуацијата ескалираше денес со заканата на американскиот претседател Доналд Трамп до контролорите на летање кои не доаѓаат на работа затоа што не примаат плата. Поради блокадата, илјадници летови беа откажани минатата недела. Само денес, американските авиокомпании откажаа над …
Continue Reading
Утре променливо облачно време, претпладне со повремен локален дожд
Времето утре ќе биде променливо облачно, претпладне со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени. Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен …
Continue Reading
Лимани смета дека назначувањето на владин повереник во Гостивар е незаконско
Вршителот на должност градоначалник на општина Гостивар и кандидатот кој доби најмногу гласови по првиот круг на локални избори, Ваљбон Лимани смета дека назначувањето на владин повереник е незаконско. Тој во одговор на новинарско прашање околу најавите за негова смена смета дека Уставниот суд треба да го реши прашањето кој ќе го води Гостивар до повторувањето на изборите кои пропаднаа …
Continue Reading
ТИТАН Усје со поддршка за болницата во Кочани
Во насока на поддршка и унапредување на услугите за граѓаните, ТИТАН Усје обезбеди генератор за Јавната здравствена установа Општа Болница Кочани. Генераторот ќе обезбеди непречено да се извршува здравствената дејност во оваа институција, што е од огромно значење. Истовремено ќе придонесе за подобрување на ефикасноста во работењето, во интерес на граѓаните од овој регион. Донацијата беше обезбедена по претходна консултација …
Continue Reading
Кавадарци го слави „Месецот на театарот“ со премиера на Чехов и богата програма во Домот на културата
Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци го очекуваат повеќе настани од областа на театарската уметност. Во четврток, на 13 ноември 2025, со почеток од 19 часот, Театарот при Домот на културата Кавадарци, премиерно ќе ја одигра претставата “Предлог за брак/Мечка“ по текст на Антон Павлович Чехов. Претставата е состав на две едночинки. Режијата е на Микица Илова. Во …
Continue Reading