Трамп отворено го поддржа Нетанјаху пред парламентарните избори во Израел

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата му даде поддршка на својот сојузник Бенјамин Нетанјаху пред претстојните парламентарни избори во Израел, изразувајќи целосна и безрезервна поддршка за неговиот реизбор на премиерската функција. „Биби Нетанјаху беше силен, храбар и брилијантен кога се соочи со огромен отпор, вклучително и оној што доаѓаше од самиот Израел“, напиша Трамп во објава на платформата Truth Social. …

Continue Reading

(Видео) Мицкоски прогласи убедлива победа во Брвеница: „Разликата е над 4 спрема 1, на први ноември одиме на вкупна победа“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски, вечерва прогласи убедлива победа на кандидатот на партијата, Стојанче Радичевски, на првиот круг од предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница. Мицкоски оцени дека разликата во однос на кандидатот на СДСМ е поголема од четири спрема еден. „ВМРО-ДПМНЕ е убедливо прва и има огромна победа во првиот круг на изборите за избор на …

Continue Reading

СДСМ: Пад од 13 отсто кај ВМРО-ДПМНЕ, раст од 46 отсто кај СДСМ на изборите во Брвеница

Првичните резултати од Аналитичкиот центар на СДСМ за изборите за градоначалник на Брвеница покажуваат дека во споредба со изборите од 2025 година гласовите на ВМРО се намалиле за 13% а гласовите на СДСМ се зголемиле за 46%, велат од СДСМ. „Од 3.388 гласа освоени за градоначалник во 2025 година сега кандидатот на ВМРО, Стојанчо Радичевски освил 2.944 гласа. Тоа е …

Continue Reading

„Росатом“ и Индонезија договорија извоз на струја од пловечки нуклеарни електрани, прв ваков проект во светот

Русија ќе испорача два пловечки нуклеарни енергетски блока со вкупна моќност од 200 мегавати за снабдување со електрична енергија на северот на индонезискиот остров Халмахера. Проектот ќе се реализира преку приватни инвестиции, без средства од државниот буџет на Индонезија. Руската државна корпорација „Росатом“ и индонезиската компанија ПТ Пембангкит Листрик Нуклир потпишаа договор за снабдување со електрична енергија на источниот дел …

Continue Reading

Британија издвојува 710 милиони фунти за заштита на воените објекти и одбрана од дронови

Велика Британија издвојува дополнителни 470 милиони фунти за унапредување на безбедноста на критичните воени објекти низ земјата, додека уште 240 милиони фунти ќе бидат наменети за подобрување на системот за борба против дронови, познат како проект „Пресагијум“, се наведува во одговорот на британското Министерство за одбрана во парламентот, пренесе „Ју-Кеј дифенс џорнал“. Конзервативниот пратеник од Јужен Шропшир, Стјуарт Андерсон, прашал …

Continue Reading

Европската комисија го осуди насилството на протестите во Албанија: Одговорните мора да бидат изведени пред правдата

Европската комисија денеска го осуди насилството за време на протестите во Тирана и другите градови во Албанија, вклучително и подметнувањето пожари, нападите врз државните институции и уништувањето јавен и приватен имот. Од Брисел порачаа дека одговорните мора да бидат изведени пред правдата. „Нема место за насилство во демократско општество, а одговорот на него мора да остане во рамките на законот …

Continue Reading

(Видео) Макрон: Стотици илјади граѓани протестираа со оправдани барања, но ништо не го оправдува насилството

Францускиот претседател најави кризен состанок што утре ќе го води премиерот, порача дека ќе има истрага за немирите и побара одговорност од оние што уништувале и ограбувале. Францускиот претседател Емануел Макрон најави дека премиерот на Франција утре ќе претседава со кризен состанок, чија цел ќе биде да се мобилизира поддршка за сите што минуваат низ тешки времиња. „Во овој момент …

Continue Reading

Бекам ќе му биде против кандидат на Инфантино?

Легендарниот англиски фудбалер Дејвид Бекам би можел да стане главен противник на актуелниот претседател на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, објавува германскиот „Скај спортс“. Според германските медиуми, зад потенцијалната кандидатура на поранешниот капитен на репрезентацијата на Англија стои моќна коалиција предводена од Европската фудбалска унија (УЕФА), Германската фудбалска асоцијација (DFB) и КОНКАКАФ, конфедерација што ги собира националните асоцијации на …

Continue Reading

(Видео) Милан по три и пол години ја победи Аталанта

Во натпреварот од шестото коло на Серија А, Милан ја победи Аталанта со 3:2 на „Сан Сиро“. Ова е прва победа на „росонерите“ во дербито на Ломбардија од почетокот на 2023 година. Оттогаш, Аталанта е непоразена во шест лигашки натпревари, како и во куп натпревар. Во тој период, Аталанта оствари четири победи во лигата. Милан имаше водство од 3:0 во …

Continue Reading