Во натпреварот од шестото коло на Серија А, Милан ја победи Аталанта со 3:2 на „Сан Сиро“.
Ова е прва победа на „росонерите“ во дербито на Ломбардија од почетокот на 2023 година. Оттогаш, Аталанта е непоразена во шест лигашки натпревари, како и во куп натпревар. Во тој период, Аталанта оствари четири победи во лигата.
Милан имаше водство од 3:0 во 58-та минута. А потоа, во последните 10 минути, успеа да ја одбрани победата.
Аталанта го намали резултатот на 3:2 со головите на Гаетано во 66-та минута и Крстовиќ во 80-та минута. Имаше неколку одлични шанси, но голманот Мајк Мењан интервенираше брилијантно и на тој начин спаси три бода за „росонерите“.
Во првиот час, сè одеше како подмачкано за Милан. Голот на Пулишиќ беше поништен во 13-та минута. Потоа Млан доби пенал во 24-таа минута, кој Гонзало Рамос го претвора во гол. До полувремето, брилијантниот Рабио постигна гол во 43-та минута за 2:0.
Во 57-та минута, Рамос имаше шанса за втор гол. Но пенало го одбрани голманот Карнезеки. Во истата минута Хила ја затресе мрежата и донесе, изгледаше недостижно 3:0. И така беше на крајот, но финишот беше проследен со голема драма.
Foto/ EPA