Кинотеката ја објави програмата за февруари: тивки гласови, силни приказни и филмот како чин на сеќавање
Програмата на Кинотека на Македонија за февруари 2026 година претставува внимателно изграден мозаик од современи авторски визии и значајни европски остварувања, кој уште еднаш ја потврдува Кинотеката како простор на мисла, чувствителност и отпор кон заборавот. Ова не е програма што нуди лесна забава, туку покана за длабинско гледање и активно учество во филмот како уметнички и етички чин, велат …
Continue Reading
Утрово најстудено на Попова Шапка, денеска температурата до 13 степени
Утрово најстудено било на Попова Шапка каде што се измерени 0 степени, 2 Лазарополе, Маврови Анови, 3 Тетово, Kрушево, 4 Прилеп, Претор, 6 Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Велес, Кавардарци, 7 Скопје-Петровец, Битола, 8 Берово, Крива Паланка, 9 Струмица, Виница, 10 Гевгелија, 11 Штип, Демир Капија. Наврнат воден талог за изминатите 24 часа(во л/м2) 7 Попова Шапка, 5 Демир Капија, Гевгелија, 4 …
Continue Reading
Најбогатата тенисерка во историјата ја елиминира шампионката на Австралија Опен
Актуелната шампионка на Австралија Опен, Медисон Кис, го заврши својот настап на првиот гренд слем во сезоната. Во осминафиналето, Кис, деветта на ВТА листата, беше поразена од сонародничката Џесика Пегула, шеста во светот, со 6:3, 6:4. Кис ја заврши одбраната на својот прв трофеј од Гренд слем по 79 минути. Ова значи дека поради раната елиминација, таа ќе испадне од …
Continue Reading
По убиството на цивил во Минеаполис, Трамп ги обвини демократите дека ги стават мигрантите пред американските граѓани
Агент на Американската имиграциска и царинска служба (ICE) во Минеаполис во саботата го застрела и уби 37-годишниот Алекс Прети, техничар на интензивна нега, две недели откако друг агент на ICE застрела и уби жена, исто така, на протестите против имиграциската политика на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. Градоначалникот на Минеаполис, Џејкоб Фреј, испрати формално барање до гувернерот на Минесота …
Continue Reading
Македонската композиторка Ана Пандевска на фестивалот „ЕКЛАТ“ во Штутгарт
Македонската композиторка Ана Пандевска ќе учествува на престижниот фестивал за современа музика „ЕКЛАТ“, кој ќе се одржи од 4 до 9 февруари 2026 година во Штутгарт, Германија, со две музички композиции и едно видео во рамки на програмата посветена на современи авторски и уметнички практики. Двете композиции ќе бидат изведени од реномираниот вокален ансамбл Neue Vocalsolisten Stuttgart, додека видеото е …
Continue Reading
150 минимални плати чинат часовниците на Мицкоски, велат од СДСМ
„Премиерот Христијан Мицкоски се најде на врвот на листата на политичари од земји членки на НАТО со најскапи часовници“, велат од СДСМ. „Тоа што се најде на листата на државници со НАТО членки е благодарение на сериозната државничка политика на СДСМ, која се грижеше за интересите на Македонија, а не за лични интереси и купување скапи часовници. Да се прашуваше …
Continue Reading
(Видео) Рома доминираше, Милан освои бод во Рим
Фудбалерите на Рома и Милан, во Рим одиграа нерешено 1:1 во натпреварот од 22-то коло од италијанската Серија А. Милан водеше од 62-та минута со гол на Кони де Винтер, по асистенција од Лука Модриќ. Лоренцо Пелегрини го израмни резултатот од пенал во 74-та минута. Претходно, фудбалерот на Милан, Давиде Бартезаги, играше со рака во сопствениот шеснаесетник. Рома беше подобриот …
Continue Reading
Пијана со нож го прободела сопругот, а потоа го гребела по вратот и телото: жена од Хрватска осомничена за семејно насилство во Кавадарци
Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против 30-годишна државјанка на Хрватска со привремен престој во Кавадарци, која е осомничена дека сторила кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 25 јануари утрото, во состојба на пијанство со присуство на 2,61 промили алкохол во крвта, осомничената вршела семејно насилство и …
Continue Reading
Ново судење за пожарот во „Пулс“
Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, треба да продолжи денеска со сослушување на сведоци, во судницата во Идризово. Претходното рочиште беше одложено по барање на бранителката на поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Аднан Џаферовски, адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска, која беше избрана за член на Судскиот …
Continue Reading