Тројца струмичани осомничени за продажба на екстази

Полицијата поднесе кривична пријава против Т.М.(33), А.А.В.(23) и А.Ѓ.(23), сите од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Според информациите, во периодот од октомври 2024 година до февруари 2025 година, пријавените се здружиле со цел неовластена продажба и пуштање во промет на екстази – …

Continue Reading

(Видео) Филипче: Законот за високо образование е катастрофално лош, воведува владина контрола врз универзитетите

Сметаме дека предложените измени на Законот за високо образование се катастрофално лоши и наместо унапредување на квалитетот тие воведуваат владина контрола врз универзитетите, образовен тоталитаризам, создаваат дискриминација кај младите, ја рушат автономијата на универзитетите, отвораат врата за партизација и креираат системски и социјални неправди, изјави лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Со една реченица, додаде тој, класична вмровска работа на партизација …

Continue Reading

Лавина во Австрија, двајца сноубордери загинаа

Двајца австриски сноубордери кои беа надвор од пистата на глечерот Штубај во Тирол, западна Австрија, загинаа во лавина, објави полицијата. Мажите, на возраст од 37 години, кои не се вратиле откако излегле на снегот, беа пронајдени синоќа, но спасувачките служби можеа само да ја потврдат смртта, соопшти австриската полиција по големата потрага во која учествуваа спасувачи, кучиња и дронови. Лавините …

Continue Reading

Протест во Крива Паланка поради неконтролираното движење на говеда и нанесувањето штети врз приватни имоти

На 26 февруари ќе се одржи мирен протест поради неконтролираното движење на говеда и нанесувањето штети врз приватни имоти и земјоделски површини на територијата на Општина Крива Паланка. Од Општината информираат дека спроведените инспекциски надзори од страна на Агенција за храна и ветеринарство резултирале со констатирани прекршувања на прописите за заштита и благосостојба на животните, како и непочитување на претходно наложените …

Continue Reading

Мобилните царински тимови лани реализирале 271 заплена и спречиле 28 кривични дела

Мобилните царински тимови во текот на минатата година оствариле 271 случај на заплени, при што во 39 случаи запленети се 5.500 штеки цигари и 27,5 килограми тутун за наргиле, во четири случаи запленети се 195,5 килограми дрога, во 14 случаи запленети се 230 илјади евра, а запленети се и над 39 илјади парчиња лекови. Воедно, постигнат е значителен напредок за …

Continue Reading

Евакуирани 250 лица по поплавите во Кичево, од нив три се бебиња, а 58 деца на возраст од 2 до 10 години

Во општина Кичево, како резултат на поплавите, се евакуирани и згрижени вкупно 250 лица. Од нив, 61 се деца – меѓу кои едно дете на возраст од 1 месец, едно од 2 месеци, едно од 7 месеци и 58 деца на возраст од 2 до 10 години. Меѓу евакуираните има и 189 возрасни лица, од кои 102 жени и 87 …

Continue Reading

Андоновски најавува имплементација на вештачката интелигенција во администрацијата откако ревизијата утврди дека не се создадени предуслови

Во Собранието се одржа јавна расправа по конечниот извештај на Државниот завод за ревизија за извршената ревизија на успешност на тема „Можност за употреба на вештачка интелигенција во јавниот сектор“, на која се обрати и министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски. Во обраќањето, министерот посочи дека констатираните наоди се третираат со целосна сериозност и ќе бидат искористени како основа за …

Continue Reading

Трипуновски: Нема кратење на субвенциите, средствата ќе одат кај вистинските земјоделци

На владина седница е усвоена новата Програма за директни плаќања за 2026 година, информира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. „Како новина, односно како мала реформа, направено е минимално зголемување на површините што се услов за користење на субвенциите, со цел да ја зголемиме домашната продукција на храна“, истакна министерот Трипуновски. Тој нагласи дека сериозен акцент ќе биде …

Continue Reading

СДА Македонија: Осуда за примитивното однесување на Вучиќ кон Шекеринска

Странка на демократска акција на Македонија (СДА Македонија) го осудува, како што велат, примитивното однесување на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кон Радмила Шекеринска, заменик-генерален секретар на НАТО, на маргините на Минхенската безбедносна конференција 2026 година. „Сметаме за важно да му се укаже на Александар Вучиќ, “политичкиот син” на Воислав Шешељ, како и министер за пропаганда во времето на Слободан …

Continue Reading