Вицепремиер во новата бугарска влада поднесе оставка само еден ден по положувањето заклетва

Бугарскиот вицепремиер Стоил Цицилеков, поднесе оставка 24 часа откако положи заклетва во парламентот и ја презеде функцијата. „Чесните избори се поважни од секој поединец“, изјави тој на брифинг, образложувајќи ја својата одлука. Во врска со обвинувањата упатени против него – поврзани со поседување марихуана и управување возило во алкохолизирана состојба – Цицилеков изјави дека има чисто досие. „Немам обвиненија, немам …

Continue Reading

Жерновски со претставка до Судскиот совет за изјавите на Митева за незавршена судска постапка

Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј Жерновски, поднесува претставка до Судскиот совет поради изнесните информации од страна на портпаролката на Владата на Мицкоски, Марија Митева, во кои таа јавно соопштува исход од судска постапка која сè уште е во тек, информираат од СДСМ. „Признавањето како истата поседува информации дека „жалбата против претседателката е одбиена како неоснована“ е крајно сериозно …

Continue Reading

Андоновски на средба со амбасадорката на САД, Варнс: Потврдена соработката со САД во делот на сајбер-заштитата

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, оствари средба со Никол Варнс, вршителка на должноста амбасадорка на Соединетите Американски Држави, на која беше потврдена силната стратешка соработка меѓу двете земји. Андоновски изрази благодарност до амбасадорката Варнс за континуираната поддршка од САД во процесите на модернизација на институциите и јакнење на сајбер-безбедноста. Тој истакна дека стратешкиот дијалог претставува основа за унапредување на …

Continue Reading

Почна изградбата на водовод и атмосферска канализација во Ласкарце – инвестиција од 85 милиони денари

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска присуствуваше на почетокот на изградбата на водоводната мрежа и атмосферската канализација за жителите на селото Ласкарце во општина Сарај. „Правиме пресврт во начинот на кој ја третираме состојбата на терен. Целта е трајно да ги решиме инфраструктурните проблеми“, изјави Хоџа. Инвестицијата во Ласкарце за изградба на водоводната мрежа и атмосферската …

Continue Reading

(Видео) Поскапувањата во јануари и февруари го „изедоа“ владиното покачување на минималната плата, ССМ пресмета 969 денари поскапа кошничка за февруари

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за месец февруари пресмета зголемување на вредноста на минималната потрошувачка кошничка за 969 денари, објави денес претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов. За толку беше зголемена вредноста на потрошувачката кошничка што ја пресметува ССМ и во јануари, па Трендафилов направи споредба со најавата за системско усогласување на минималната плата следниот месец. „Вредноста на синдикалната минимална …

Continue Reading

4.000 евра за „проверка на валута“, 3.000 евра за лажна операција – измамници хараат во Радовиш и Неготино

Во последните денови регистрирани се повеќе измами во Радовиш и Неготино, информира полицијата. Поднесена е кривична пријава против Г.Б. (37) од Радовиш поради сомнение за сторено кривично дело измама на купувачи. На 10.02.2026 и во два наврати на 18.02.2026, пријавениот и неговиот малолетен син пуштиле во промет производи со ознака на позната марка, кои не одговарале на потеклото или квалитетот …

Continue Reading

Со оружје, стотици парчиња муниција и импровизирани направи во возилото, Италијанец се обидел да ја помине границата на Табановце – приведен е

На Граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го привеле С.В. (45) од Италија. При гранични проверки и контрола на возило со италијански национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени осум импровизирани направи со игла за активирање на непозната муниција, пиштол калибар 22, шест кутивчиња со по 100 парчиња муниција, едно кутивче со 200 парчиња муниција, …

Continue Reading

Левица ја повика Сиљановска-Давкова да не го потпишува законот за продолжување на легализација на дивоградби

Партијата Левица ја повика претседателката Гордана Сиљановска-Давкова да не го потпише новиот закон со кој се продолжува рокот за легализација на дивоградби. Од Левица посочуваат дека претседателката претходно, како пратеник, јавно укажувала дека етички и правно е невозможно да се повикува на владеење на правото, а истовремено да се носат закони со кои се уредува правниот статус на бесправно изградени …

Continue Reading

Дебар Маало доби 24-часовна бесплатна Wi-Fi мрежа, наскоро и во Капиштец

Општина Центар, во рамки на проектот EU4Digital, обезбеди бесплатна Wi-Fi зона во Дебар Маало, поточно на улицата Боемска и на скверот пред Општината. Согласно програмата, наскоро се предвидува поставување слободни интернет зони (Wi-Fi) и во Капиштец, со што граѓаните ќе имаат полесен пристап до дигитални услуги и информации на отворено. Користењето на Wi-Fi зоните е достапно 24 часа, седум дена …

Continue Reading